Поради омикрон подигнат степенот на тревога во Британија, ќе се обрати Џонсон


 

Здравствените власти во Велика Британија соопштија денеска дека го подигнуваат степенот на тревога поради брзото ширење на заразата со омикрон варијантата на корона вирусот.

Степенот на тревога подигнат на второ највисоко ниво

Степенот на тревога се крева од трето на четврто ниво, што е второ највисоко ниво и значи дека „преносот на вирусот е зајакнат и дека притисокот на здравствените служби е општ и голем или дека е во пораст.

„Првите податоци покажуаат дека омикрон се шири побрзо од делтата и дека заштитата која ја пружаат вакцините во случај со омикрон е намалена“, истакнуваат.

Веќе има хоспитализации поради омикрон
Бидејќи уште не се знае колку омикрон е опасен – тоа веројатно ќе биде појасно во неделите кои доаѓаат – стручњаците истакнуваат дека веќе има хоспитализации со омикрон и дека постои веројатност нивниот број брзо да се шири.

Премиерот Борис Џонсон денеска ќе се обрати до јавноста со порано снимена порака, соопшти Даунинг стрит.

Во изјавата треба да ги соопшти напорите кои ги прави владата во сузбивање на ширењето на омикрон верзијата, која подразбира и довакцинирање на постарите од 30 години од понеделник.

Џонсон ги најави новите мерки

Министерството за здравство соопшти дека денеска ќе се контактираат потполно вакцинираните лица кои биле позитивни на тестот на Ковид-19 од вторник и ќе бидат замолени една недела секојдневно да прават антигенски тест. Оние кои не се вакцинирани ќе мора да бидат изолирани 10 дена.

Овие информации доаѓаат по новите мерки кои ги најави Џонсон, меѓу кои и враќањето на работа од дома и воведување ковид-пропусница за некои места, за што во вторник ќе гласаат пратениците во парламентот.

Велика Британија е тешко погодена со пандемијата со повеќе од 146.000 починати и околу 50.000 новозаразени дневно.