Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји


Шпанија, во која досега е вакцинирано 78,5 отсто од населението, вети дека ќе донира 50 милиони вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји во светот, што е 20 милиони повеќе од претходно најавеното. Шпанскиот премиер Педро Санчез од Рим, каде викендов се одржа состанок на групата Г20, порача дека вакцините ќе бидат испорачани во период од […]

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. На самитот на Г-20, на кој тој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. Путин […]

(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико


 Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас рано утринава во градот Пуебла во централно Мексико, а причината најверојатно е нелегално поврзување на гасоводот, изјавија официјални лица. Гувернерот на Публе, Мигел Барбоса, изјави дека 2.000 луѓе кои живеат во радиус од еден километар биле евакуирани пред експлозијата по итен повик до […]

Повеќе од 28.000 нови случаи на коронавирус во САД


САД– Во последните 24 часа во САД се регистрирани 282 смртни случаи поврзани со Ковид-19, односно вкупно 745.670 од почетокот на пандемијата. Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на 45.953.806. Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас […]

Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. Тој на самитот на Г-20, на кој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. […]

(Видео) Падна кабина од жичарница во Чешка, загина едно лице


Едно лице загина откако на планината Јештед на северот на Чешка, падна кабина од жичарница, која се одвоила од кабелот. Во кабината во моментот имало само едно лице. „Една кабина падна додека се спушташе. Внатре имаше едно лице, кое за жал им подлегна на повредите“, рече портпаролот на спасувачката служба, Михаел Георгиев. Друга кабина, во […]

Во нападот во воз во Токио повредени 17 лица


 Во нападот во воз во Токио, кој беше извршен денеска од маж вооружен со нож, повредени се 17 лица, од кои три потешко. Мажот прво со нож ранил неколку патници, а потоа предизвикал пожар, поради што патниците скокнале од прозорците, соопшти полицијата. Напаѓачот, идентификуван како 20-годишен маж, е уапсен на самото место на злосторството. Тој […]

Млаки ветувања на Г-20 за климатска неутралност


Нема одреден датум за постигнување „нето-нула“ емисии на јаглерод диоксид, во завршното коминике пишува „околу средината на векот“. Кина, Индија и други земји кои се зависни од јаглен не сакаат да преземат јасни обврски   РИМ – Лидерите на најголемите светски економии во неделата презедоа нејасна обврска да бараат јаглеродна неутралност „до или околу средината […]

Најмалку девет лица загинаа во експлозија на аеродромот во Аден


Најмалку девет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на аеродром во привремениот главен град на Јемен, Аден. Се верува дека уште 12 лица се повредени во синоќешната експлозија – која премиерот Муен Абдулмалек Саид ја опиша како „терористички бомбашки напад“, јавува Би-Би-Си. Очевидци велат дека жртвите се жени и деца. Досега никој не […]

Нови хакерски напади, цел им се холивудски ѕвезди како Том Хенкс, Алек Болдвин и Семјуел Л. Џексон


Холивудски ѕвезди, тајкуни и милијардери се најдоа на мета на хакери кои им украле лични податоци во масовна виртуелна кражба, открива британски „Дејли меил“. Сајбер-криминалци, во беспаќето на таканаречениот „дарк веб“, веќе пуштија 69.000 доверливи документи, кои се однесуваат на Доналд Трамп, Опра Винфри, Дејвид Бекам и сер Филип Грин. Се смета дека бараат десетици […]

Маск: Ако ОН објасни како 2% од моите пари може да го решат проблемот со глад во светот, ќе го направам тоа


Елон Маск вели дека ќе ги продаде сите акции на „Тесла“ веднаш и ќе го реши проблемот со глад во светот ако некој тоа од Светската програма за храна на Обединетите нации му објасни како може да се направи со шест милијарди долари. Ова е одговорот на Маск на твитот на д-р Елија Дејвид, водечки […]

АНСА: Г-20 постигна договор за ограничување на затоплувањето за не повеќе од 1,5 степени


Учесниците на Самитот на Г-20 во Рим успеаја да се договорат да го ограничат глобалното затоплување за не повеќе од 1,5 степени Целзиусови, јави АНСА, повикувајќи се на дипломатски извори. Се појаснува дека во нацрт-завршната декларација како краен рок за запирање на порастот на температурата стои „средината на векот“. На овој начин, земјите од Г-20 […]

Светската Конференција за климата почна со итен повик за акција


Во услови на драстични предупредувања од научната заедница за ескалација на климатската криза, Конференцијата на ОН за климатски промени (COP26) почна денеска во шкотскиот град Глазгов. На покана на Обединетите нации, владини претставници од околу 200 земји во текот на две недели ќе разговараат за начините на кои човештвото сè уште може да го задржи […]

(Видео) Со нож избоде десетмина во воз во Токио, па предизвика пожар


Маж вооружен со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори. Јавната телевизија Ен-ха-ка објави дека тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко. Мажот, за кој полицијата вели дека има околу 20 години, уапсен е на местото на ицидентот. BREAKING: A […]

Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му рекол на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Вашингтон се противи на дејствијата на Пекинг, кои ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, објавија странските новински агенции, повикувајќи се на извор од Стејт департментот. На едночасовната средба на маргините на форумот на Г-20 во Рим, Блинкен изразил […]

Хорор на трката со бикови во Шпанија: Бик избоде маж до смрт


Едно лице почина од рани добиени од убод од рог од бик за време на фестивал во градот Онда во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Во соопштението на властите се наведува дека педесет и петгодишниот маж неколку пати бил цел на напад на бик и дека другите учесници во трката неуспешно се обиделе да го […]

Ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања


Итно спроведување ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања дадени досега, се двете главни барања што Светската организација за заштита на природата (WWF) ги поставува пред светските лидери пред почетокот на Конференција за климатски промени COP26. Како што информира НВО „Еко-свест“, рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени COP26 оваа година […]

Гутереш ја повика суданската армија да ја врати легитимната власт


 Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика генералите во Судан да ги вратат легитимните аранжмани за управување со земјата, еден ден откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на најголемите продемократски протести од воениот удар. Војската изврши државен удар во Судан во понеделникот, по неколкунеделни зголемени тензии меѓу нејзините лидери и цивилните лидери, […]

Бајден: Русија не смее да се остави да манипулира со испораките на природен гас за политички цели


Американскиот претседател Џо Бајден во Рим разговараше со германската канцелка во заминување Ангела Меркел за обидите на Русија да манипулира со испораките на природен гас од политички причини, соопшти Белата куќа. Бајден, кој е во Рим на самитот на Г-20, ја истакна важноста да се спречи Русија да „манипулира со протокот на природен гас со […]

Лидерот на талибаците првпат се појави во јавност


Лидерот на талибанците Хабатула Ахунџада првпат се појави во јавноста во саботата, кога ја посети медресата во јужниот авганистански град Кандахар. Тој им се обрати на поддржувачите и побара божји благослов за водството на талибанците. Хабатула Ахунџада е духовен водач на талибанското движење од 2016 година, но тој се држеше подалеку од очите на јавноста, […]