Внукот на принцот кој се обиде да го убие Хитлер си го бара земјиштето кое му го „украл“ Химлер


 

Внукот на германскиот принц Фридрих зу Солмс-Барут III води правна битка со берлин со намера да си го врати земјиштето кое на неговото семејство му го „украл“ шефот на СС, Хридрих Химлер.

Тој, наводно, го одзел земјиштето затоа што принцот се обидел да го убие нацистичкиот водач Адолф Хитлер. Земјиштето се наоѓа во Бранденбург, а му било одземено откако принцот учествувал во обидот да се убие Хитлер во познатата „Операција Валкира3 во 1944 година, која не успеа, а принцот подоцна бил затоврен и мачен.

Германските власти одбиваат да ги признаат правата на семејството тврдејќи дека земјиштето или било доброволно предадено на режимот или властите на Источна Германија во програмата на реформи го одзеле имотот по Втората светска војна.

Принцот Фридрих V верува дека неговиот случај може да покрене и други процеси во кои би се вратил имотот на нацистиќките жртви, вклучително и на Евреите. Германија ја обвини дека ги прикрива нацистичките злосторства.

Истакна дека неговито дедо го мразел Хителр уште пред тој да дојде на власт. Додава дека имотот во Бранденбург послужил за состанокот на оние кои се здружиле да го убијат Хитлер.

Сепак, германската власт ги отврли доказите кои ги презентира семејството, меѓу кои и пишаното сведоштво на уште еден учесник на „Операцијата Валкира“ кој ја преживеал германската одмазда.

Семејството сега има намера да се обрати пред Европскиот суд за човекови права ако се изцрпат сите правни опции во германија. Се верува дека во архивата има меѓу 10.000 и 20.000 слични случаи.