Јапонците направиле маска која што свети доколку сте заразени со коронавирус: секој ќе може да провери дали е инфициран


Тим научници од Префектуралниот универзитет во Кјото направија маски кои им овозможуваат на оние кои ги носат брзо и лесно да откријат дали се заразени со вирусот, јавуваат јапонските медиуми. Тие се надеваат дека тамошната влада ќе ја одобри оваа иновација и дека овие маски ќе бидат во продажба веќе во 2022 година.

Она што е интересно е дека за овој изум биле користени јајца од ној бидејќи ноевите можат да произведат антитела кои учествуваат во одбраната на телото од опасните микроорганизми.

Имајќи го тоа на ум, научниците направија специјални филтри за маски кои по употреба т.е. носејќи маска испрскана со флуоресцентна супстанца која содржи антитела од ној. Овој филтер потоа се набљудува под УВ ламба, а ако свети под таа светлина, тоа значи дека лицето е заразено со корона.

Водечкиот автор на ова истражување, професорот Јасухиро Цукамото, вели дека „сака ова да биде алатка за тестирање вируси што секој ќе може да ја користи“ во иднина.

Инаку, Цукамото вели дека открил дека и самиот е заразен со вирусот откако ја носел маската, а потоа ставил филтер под УВ ламба и утврдил дека сјае.

За да ги добијат резултатите, тим од научници спроведоа експеримент во кој учествуваа 32 лица заразени со вирусот, на кои им беа дадени специјални маски. Откриле дека маските светат под УВ светлина, но тој сјај се намалил во следните 10 дена, како и количината на вирусот.

Секако, пред овие маски да бидат одобрени за употреба и ставање на пазарот, потребно е одобрение од јапонската влада, а во меѓувреме научниците ќе го прошират експериментот на 150 заразени лица.

Способноста да се открие коронавирусот толку брзо и лесно би помогнала во борбата против пандемијата, особено затоа што раното откривање на вирусот е важно за да се спречат компликации.