Австрија: Карл Немахер положи заклетва како нов канцелар


Досегашниот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, е назначен за нов федерален канцелар. Тој положим заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен. Нехамер го наследува Александар Шаленберг, кој беше на функцијата нешто помалку од два месеци. Извршниот комитет на конзервативната Народна партија (ОВП) едногласно го назначи 49-годишниот Нехамер за нов шеф на конзервативците и нов […]

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон


Сингапур – Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“. Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на Омикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни […]

Први случаи на сојот Омикрон во Русија, во Аргентина и во Непал


Русија – Во Русија, во Аргентина и во Непал денеска се потврдени првите случаи на сојот Омикрон на коронавирусот, а за време на викендот во Индија регистрирани се 21 случај на зараза. Во Русија сојот Омикрон е потврден кај двајца патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република. И во Аргентина е регистриран сојот Омикрон кај лице […]

Познат епидемиолот ќе биде новиот министер за здравство на Германија


Доаѓачкиот германски канцелар Олаф Шолц го именуваше познатиот епидемиолог Карл Лаутербах, шампион на тешки мерки за справување со корона вирусот, за следен министер за здравство на земјата. Лаутербах беше еден од седумте избраници на кабинетот од редовите на централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на Шолц, објавени во понеделникот, пред новата коалициска влада да ја преземе функцијата во […]

СЗО: Лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста


Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста. Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа. Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција и […]

Трговијата со оружје напредува и покрај кoрoната


„Гугл“ и „Мајкрософт“ наскоро на листата на 100 најголеми производители на оружје Според новиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мир (СИПРИ), трговијата со оружје беше бизнис во вредност од 531 милијарди долари минатата година. Google и Microsoft наскоро ќе се најдат на листата на 100 најголеми производители на оружје. „Иако светската економија падна за […]

Во Австрија претставен предлог-закон за задолжителна вакцинација


 Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што е најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од 1 февруари следната година. Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против корона вирус од 15 февруари. […]

Лошите временски услови ги отежнуваат напорите за пронаоѓање на исчезнатите по ерупцијата на вулканот Семеро


Вулканот Семеру во Индонезија и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција во која загинаа 15 луѓе, додека потрагата по десетици исчезнати луѓе е отежната поради лошите временски услови. Највисоката планина на островот Јава силно еруптираше во саботата, исфрлајќи огромно количество пепел во небото над околните села. Бројот на загинати […]

Во берберница во Копенхаген убиен 17-годишен Бугарин


Во петокот, околу пладне дојде до пукање во берберница во Копенхаген, а полицијата јави дека е убиен 17-годиншен шведски државјанин. Но, денеска, полицијата соопшти дека се работи за Бугарин, кој во Скандинавија дошол порано годинава. Во истиот напад, ранети се и 15 и 21-годишни момчиња. Според шведската агенција ТТ, не е јасно дали убиениот имал […]

Задолжителен негативен тест за влез во САД и ако сте вакцинирани и Велика Британија со слично правило


СО цел сузбивање на ширењето на сојот омикрон, кој е детектиран во повеќе земји, американскиот претседател Џо Бајден воведува нови правила за меѓународните патници, кои досега важеа само за невакцинираните туристи. Почувајќи од 6 декември, сите патници во авионот, а кои имаат најмалку 2 години и повеќе, мора да имаат негативен ПЦР тест за Ковид-19, […]

Бајден ја продолжи традицијата- славеше заедно со наградените од центарот „Кенеди“


САД- Претседателот Џо Бајден славеше заедно со уметниците како Бет Мидлер, Џони Мичел и Лорн Мајклс во неделата во Центарот Кенеди Хонорс, враќајќи го претседателското учество на престижната уметничка церемонија откако поранешниот претседател Трамп одби да присуствува на настанот откако неколку почестени го критикуваа. Пејачот Џастино Дијаз и основачот на Мотаун, Бери Горди, ја заокружија […]

Мјанмарската хунта на четири години затвор ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи


Судот во Мјанмар денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор за поттикнување јавни немири и кршење на санитарните прописи поврзани со пандемијата на Ковид-19, а ваквата пресуда веднаш беше осудена од Амнести интернешнл. Добитничката на Нобеловата награда за мир, која војската ја отстрани од власт со државен удар во […]

СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со Ковид-19


Крвната плазма од лица кои прележале Ковид-19 не треба да се користи во лекување на пациенти бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од аспиратори, нагласи СЗО. Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што […]

Во Италија нема ни возење со јавен превоз без ковид-потврда


Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против корона вирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу јавни активности, и нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврди. Од денеска само оние кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19 можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во […]

Во Египет жените докажуваат дека се невини, гинеколог со операција ги штити од убиство


Гинеколог од Египет, што Ројтерс ја нарекува едноставно Лејла, нуди операции за рекупнструкција на хименот за жените во внатрешноста на Египет, а на тој начин вели, спасува животи, иако своите услоги ги рекламира како „услуга за здравје и убавина“. Во конзерватини општества како што е Египет, „недопрен“ химен е важна потврда за невионост. Невестите со […]

Oмикрон е помалку опасен од делта сојот на коронавирусот


САД – Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, изјави денеска дека иако има броз ширење на  омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот. Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон. […]

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник V


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник V, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви. Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО […]

Норвешки ресторан стана жариште: 120 нови случаи, половина од нив со омикрон


Околу 120 лица се позитивни на Ковид-19 откако биле во норвешки ресторан каде се одржувал корпоративен настан кој станал жариште на инфекцијата, јавува телевизијата „НРК“, додавајќи дека постои сомневање дека половина од случаите се поврзани со сојот омикрон. Норвешкиот национален здравствен институт „FHI“ во саботата потврди 13 случаи на омикрон после вечерата минатата недела. Од […]

Масовни протести во Брисел – солзавец и водени топови


Стотици луѓе маршираа денеска во центарот на Брисел во знак на протест против ограничувачките мерки поради Ковид-19. Белгиската полиција употреби и водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Учесниците протестираа поради мерките кои се најавени од петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри ограничувањеата затоа што зголемениот број нови случаи го […]

Почина американскиот сенатор и претседателски кандидат на САД, Боб Дол


Поранешниот републикански сенатор и кандидат за претседател на САД, Боб Дол, почина утрово, соопшти неговото семејство. “Сенаторот Роберт Џозеф Дол почина рано утрово во сон, на 98-годишна возраст”, изјави извор поврзан со семејството. Сенаторот во февруари објави дека боледува од рак на белите дробови. Дол беше тешко ранет за време на Втората светска војна, а […]