Клуге: Секој десетти човек во Европа ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела


Еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела, изјави регионалниот директор на организацијата Ханс Клуге на брифинг. – Минатиот месец предупредивме дека до почетокот на 2022 година би можеле да бидат загубени уште половина милион животи доколку не преземеме итни мерки, рече тој. – Помина еден […]

Полската Влада проценува дека 7.000 мигранти се останати во Белорусија


Полската Влада денеска соопшти дека нејзина проценка е дека околу 7.000 мигранти, кои се надеваат да стигнат до ЕУ,  се уште се наоѓаат во соседна Белорусија, јави ДПА. -Проценуваме дека режимот на Лукашенко вратил околу 3.000 мигранти во Ирак и Сирија, но значително повеќе, околу 7.000, сè уште се на територијата на Белорусија, изјави денеска […]

Британците тврдат дека имаат лек кој делува против Омикрон


Британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн“ (Glaxo Smith Kline) соопшти дека неговиот лек Сотровимаб односно терапија против Ковид-19 заснована на антитела, на која работат со партнер од САД, Вир Биотехнологија (Vir Biotechnology), е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон, истакнувајќи дека станува збор за најнови податоци од студија во […]

Што стои зад последните тензии меѓу Русија и Украина


Украинските и западните официјални лица се загрижени дека руската војска во близина на Украина би можела да ги сигнализира плановите на Москва за инвазија на нејзиниот поранешен советски сосед. Кремљ инсистира дека нема таква намера и ја обвини Украина и нејзините западни поддржувачи дека даваат такви тврдења за да ги прикријат нивните наводни агресивни планови. […]

Канал 4: Фајзер платил експерти за да ги напаѓаат вакцините на конкуренцијата


Фармацевтскиот гигант Фајзер е обвинет дека платил експерти за да ја дискредитираат вакцината против корона вирус на конкурентската компанија Астра Зенека, објави британскиот „Канал 4“ во еден прилог. Фајзер наводно финансирал презентација во која говорниците тврделе дека вакцината на Астра Зенека може да предизвика рак, како и дека не е безбедна за имунолошки загрозени пациенти. […]

Во Франција ќе се затворат дискотеките и ноќните клубови


Француските власти усвоија нови, построги мерки против епидемијата од коронавирус, кои вклучуваат и затворање на ноќните клубови на четири недели. „Дискотеките ќе бидат затворени четири недели, до почетокот на јануари“, изјави премиерот Жан Кастекс, кој ги повика Французите да ги намалат контактите. Кастекс соопшти дека лицата над 65 години ќе можат да ја примат третата […]

САД: Управата на болница во Бостон отпушти речиси 200 невакцинирани работници


Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале против корона вирусот, јави агенцијата Анадолија. Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19. Раководството на болницата соопшти […]

Со Аналена Бербок германската дипломатија влегува во нова ера


Колидерката на Зелените ќе биде прва жена на чело на германското министерство за надворешни работи. Нејзините ставови дека Македонија мора да веднаш да ги почне преговорите со ЕУ влегоа и во владината програма. Бербок има и многу поцврст став кон Русија и Кина   Љупчо Поповски Откако во понеделникот Зелените објавија дека нивните членови во […]

САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбур


САД– На денешен ден во 1941 година Јапонија без објава на војна ја нападна американската поморска база во Перл Харбур на Хаваите, а неколку часа подоцна американскиот претседател Френклин Рузвелт објави дека земјата влегла во Втората светска војна. Во нападот и беа нанесени огромни загуби на американската морнарица и Јапонија стекна голема предност во првата фаза од […]

Анкета: Трамп би го победил Бајден доколку денеска имаше избори


САД– Доналд Трамп има огромна предност пред сите други републикански претенденти, односно за поранешниот американски претседател би гласале вкупно 67 отсто од републиканските гласачи, објави „The Hill“, повикувајќи се на истражување на агенцијата од Харвард CAPS-Harris Poll. На второ место е поранешниот потпретседател Мајк Пенс со девет проценти, а на трето гувернерот на Флорида Рон Десантис со […]

(Видео) Расте бројот на починати од ерупцијата на вулканот Семеру


Бројот на мртви во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру се зголеми од 22 на 34, објави денеска портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи. „Според последните податоци 34 настрадаа, а 17 се водат како исчезнати“, рече тој. Ерупцијата се случи во саботата кога со пепел беа прекриени и уништени повеќе од 10 села. Ерупција на […]

(Видео) Силното невреме на Хаваите предизвика хаос – патиштата под вода


Силно невреме проследено со јак ветар и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги искина далноводите низ Хаваите. Властите предупредуваат на можно влошување на ситуацијата. Националната метеоролошка служба соопшти дека поради невремето во следните неколку дена на островите им се закануваат „катастрофални поплави“. Гувернерот на Хаваите, Дејвид Иге, ги предупреди  граѓаните да подготват […]

Стејт департмент: Да не се патува во Франција и во Португалија


САД– Американските власти ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во Европа. – Избегнувајте патувања во Франција, се вели во новата препорака на Стејт департментот до Американците пред божиќните и новогодишните празници, каде што нивото на предупредување за заканата од Омикрон […]

Се зголеми смртниот биланс од ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија


Индонезија– Најмалку 22 луѓе загинаа, а 27 се уште се водат како исчезнати по ерупцијата на вулканот Семеру во провинцијата Источна Јава во Индонезија викендов, соопшти денеска агенцијата за катастрофи на земјата. Според Националната агенција за управување со катастрофи, повеќето од жртвите починале откако биле погодени со врели вулкански остатоци за време на ерупцијата во […]

СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со Ковид-19


Швајцарија– Крвната плазма од лицата кои прележале Ковид-19 не треба да се користи во лекување на пациентите бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од аспиратори, нагласи СЗО. Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што ги […]

Спорните прашања за кои ќе разговараат Бајден и Путин


САД–  Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин деенска ќе одржат видео конференција. По нивниот состанок во Женева во јуни, листата на спорни прашања меѓу двете земји се зголеми. Резиме на разликите меѓу Вашингтон и Москва. УКРАИНА И МОЖНИ ЗАПАДНИ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА САД ја предупредија Русија дека ќе плати „висока цена“, […]

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг


САД соопштија вечерва дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот. Претседателот Џон Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот за на тој начин да изрази критика на […]

Русија и Индија потпишаа договори за трговија и оружје


 Русија и Индија, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Њу Делхи, потпишаа серија трговски договори и договори за оружје, меѓу кои и дека Индија ќе произведе повеќе од 600.000 калашникови. Како што пренесуваат странските агенции, Путин отпатува во Индија придружуван од министрите за одбрана и за надворешни работи, во време на […]

Белата куќа објави план за борба против корупцијата


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави документ кој претставува нов план за борба против корупцијата на глобално ниво. Првата стратегија на САД за борба против корупција го наведува пристапот на цела влада, со посебен акцент на подобро разбирање и одговор на „транснационалните закани, вклучително и преземање дополнителни чекори за намалување на способноста на […]

И Зелените го поддржаа коалицискиот договор, Олаф Шолц ќе стане канцелар во среда


Сите пречки се поминати за новата влада во Германија да даде заклетва на 9 декември   Германските Зелени во понеделникот станаа последната партија на идната влада која го одобри коалицискиот договор за кој преговараа со социјалдемократите (СПД) на идниот канцелар Олаф Шолц и про-бизнис Слободните демократи (ФДП). Пред Зелените да објават кои се нивните избрани […]