Германија доби нов канцелар


  Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија. Наскоро ќе положи заклетва. Лидерот на Социјалдемократската партија Шолц ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи. Членовите на Бундестагот гласаа за именување на Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел. Левичарските социјалдемократи на Шолц (СПД) се […]

Словачка ги отвора продавниците, но наставата ќе се одржува онлајн


  Словачкиот министер за здравство Владимир Ленгварски соопшти дека продавниците, затворени од 25 ноември, повторно ќе бидат отворени в петок. Но, оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 или не го прележале, ќе можат да одат само во продавниците што продаваат прехранбени производи. Рестораните и другите угостителски објекти во кои се служи храна остануваат затворени, […]

Романскиот суд го рехабилитираше Адријан Настасе


Врховниот касационен суд на Романија го рехабилитираше поранешниот премиер Адријан Настасе, кој е осуден за два случаи на корупција, објави Аџерпрес. Во 2012 година, Настасе беше осуден на две години затвор за незаконско користење на средства од приватна компанија во изборната кампања во 2004 година, а во 2014 година на 4 години затвор за поткуп […]

Новиот американски буџет за одбрана 770 милијарди долари


  Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-буџетот за одбрана за фискалната 2022 година во вредност од околу 770 милијарди долари. За документот гласаа 363 пратеници, а против беа 70. Буџетот допрва треба да биде одобрен во Сенатот, по што ќе биде доставен на потпис до претседателот. Верзијата на законот, одобрена вчера од конгресмените, беше […]

Швајцарците запалија повеќе 11.000 свеќи за жртвите од Ковид-19


Повеќе од 11.000 свеќи – по една за секоја жртва на пандемија на коронавирус во Швајцарија – беа запалени синоќа пред швајцарскиот парламент во Берн. „Сакаме да создадеме простор каде што ќе можеме да се сеќаваме и да жалиме за жртвите“, рече Сајмон Герен од движењето Корона-Манваче (корона бдеење). Четириесет доброволци помогнаа да се постават […]

Омикрон е регистриран во 57 земји


Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека „од 7 декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО“. Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова […]

Бајден ќе разговара со западните сојузници по видео средбата со Путин


Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, за исходот од денешниот руско-американски видео-самит, соопшти Белата куќа. Лидерите на Велика Британија, Италија, САД, Франција и Германија изразија загриженост на вчерашниот состанок поради „сè поострата руска реторика“ во […]

Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација


Маж во Сенциг, место во близина на Берлин, Германија, ја убил својата сопруга и трите мали деца, а потоа и себеси, затоа што лажирал потврда за вакцинација и се плашел дека децата ќе му бидат одземени кога ќе биде откриена измамата што ја направил, појаснија германските обвинители. Потсртуваме, дека во саботата полицијата во семејна куќа […]

„Форбс“ ја „исклучи“ Меркел од листата на 100 највлијателни жени во светот


Првпат по 11 години, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не се најде на врвот на листата на 100 највлијателни жени во светот, составена од соработниците на американскиот магазин „Форбс“. Меркел не е на врвот на ранг-листата првпат од 2010 година и третпат од 2004 година. Оваа година Меркел воопшто не е вклучена во ова […]

Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки


Белгија – Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто од возрасните се вакцинирани против Ковид-19, а тоа претставува закана за останатите европски земји. Тоа го нагласи денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис. Таа истакна дека една третина од луѓето во ЕУ не се вакцинирани и тоа треба брзо да се промени. – Вакцините се […]

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција


Унгарија– Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела. Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен. Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член […]

Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори


Полска – Полска оd 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување. Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори. Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни […]

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги 


Франција– Калид Аед Алотаиби, осомничениот член на групата кој го изврши убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, е уапсен денеска на аеродромот Шарл де Гол во Париз, јавија француските медиуми повикувајќи се на судски и аеродромски извори. Приведувањето е спроведено по распишана потерница од Турција во 2019 година. Тој е поранешен саудиски […]

Почна средбата Бајден – Путин


Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден денеска почнаа билатерални разговори преку видео конференциска врска. Како што беше претходно најавено, се очекува лидерите да разговараат за ситуацијата во Украина, проширувањето на НАТО кон исток, прашањата за стратешката стабилност и билатералната агенда, а може да се осврнат и на регионалните безбедносни прашања, вклучително […]

Директорот на Голдман Сакс: Инфлацијата ќе биде висока уште некое време, но не како во 70-те


Извршниот директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, тврди дека инфлацијата ќе расте уште некое време, но не очекува повторување на растот на трошоците забележан во 70-те години од минатиот век. – Постои разумна шанса инфлацијата да се зголеми во одреден временски период, но тоа не значи дека ќе биде како во 1970-те. Треба да се […]

Во ОАЕ досегашниот викенд петок и сабота се менува во сабота и недела за олеснување на бизнисот


Официјалниот викенд во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се менува во сабота и недела за да се олесни бизнисот со западните земји, соопшти раководството на таа држава од Персискиот Залив. Од 2006 година, официјалниот викенд е петок и сабота, како и во другите земји со мнозинско муслиманско население на Блискиот Исток. Новата работна недела од понеделник […]

Ескобар: Во БиХ нема да има војна, ниту армија на Република Српска


 Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Сараево изјави дека нема да има војна во Босна и Херцеговина, ниту армија на Република Српска. „Тоа нема да се случи. Тоа еднаш го кажав и ќе повторам: Нема да има војна во БиХ. Ова не е 1991 година“, изјави Ескобар во интервју за сараевската […]

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19


Данска – Данскиот министер за здравство Магнус Хојник е позитивен на Ковид-19 и е во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството. Хојник останал во својата хотелска соба и не бил во контакт со други министри, соопштија од данската постојана мисија во Европската унија. Хојник (46) пристигна во Брисел вчера вечерта и е позитивен денеска од […]

Клуге: Задолжителната вакцинација против корона вирус е апсолутна последна опција


Воведувањето задолжителна вакцинација против корона вирус е „апсолутна последна опција“, изјави денеска главниот европски функционер во Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.  Се повеќе европски земји, вклучително и Германија, дебатираат дали да воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, откако Австрија во ноември објави дека ќе воведе задолжителна вакцинација на 1 февруари следната година, што предизвика големи протести во […]

Новата европска земјоделска политика стапува на сила


Новата реформирана заедничка земјоделска политика денеска стапува на сила со објавата во службениот весник на ЕУ. Договорот е постигнат во јуни помеѓу Парламентот и Советот на ЕУ врз база на предлогот на Европската комисија. Во новиот предлог за земјоделската политика на ЕУ се вклучени “поамбициозни цели за животната средина и климата“, вели Европската комисија и […]