(Видео) Најмалку 19 луѓе загинаа, а 54 се повредени во голем пожар во зграда во Њујорк


Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во станбена зграда во Њујорк, а загинаа најмалку 19 луѓе, меѓу ки девет деца, јави Еј-Би-Си њус.

Од оние кои сe повредени 31 се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми.

Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица.

Многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот, додаваат официјални лица.

На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници.

Пожарот што избувна во 11 часот по локално време, е локализиран, соопшти полицијата. 

Драматичните фотографии од пожарот се поставени на социјалните медиуми, а покажуваат како огнот избива од прозорците, а пожарникарите почнале да добиваат повици по 11 часот по локално време.

Огнот е локализиран, а други податоци за повредени не се достапни.