Во Русија загинаа две лица при пожар во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19


Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот. 

Претседателот на Јужна Кореја ја помилува поранешната претседателка


Јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин ја помилува поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е во затвор откако беше осудена за корупција, соопшти министерството за правда. Беше осудена на 22 години затвор Парк стана прв демократски избран челник на Јужна Кореја, а разрешена е од должност кога Уставниот суд во 2017 хофина го потврди нејзиното отповикување во парламентот […]

Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19


Германија – Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов“ (YouGov) за германската новинска агенција ДПА. Деветнаесет отсто од испитаниците изјавиле дека се многу незадоволни, а уште 31 процент дека се незадоволни од тоа како се спроведувала имунизацијата во изминатите 12 месеци. Само […]

„Јунајтед“ и „Делта“ откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон


САД – Ерлајнс Јунајтед Ерлајнс и Делта Ерлајнс соопштија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени. Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да […]

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19 – најмногу во еден ден


 Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, при што починале 179 лица. Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои […]

Џонсон ја спореди вакцинацијата со божиќен подарок во традиционалната божиќна порака


Англија –  Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски. „После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа“, рече Џонсон во пораката, извадоци   објавенисиноќа, но кои ќе […]

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш


Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Акцијата за спасување […]

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19


Израел– Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години. Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку […]

Во Швајцарија откриени над 8.000 лажни Ковид потврди


Швајцарија–  Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален официјален претставник. Истрагата сега е фокусирана на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на Ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација. Осомничените ќе треба да платат одредена сума […]

Италија ги забрани новогодишните прослави поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19


Италија –  Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти  италијанската влада. Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот […]

Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија произведува балистички ракети со помош на Кина


САД –   Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Саудиска Арабија активно произведува сопствени балистички ракети со помош на Кина, јави Си-Ен-Ен. Сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Ријад произведува софистицирано оружје на најмалку една локација. Американските власти во голем број агенции, вклучително и Советот за национална безбедност на Белата куќа, беа информирани […]

Во Австралија дополнителната доза вакцина ќе се прима на четири односно на три месеци


Австралија – Австралија ќе го намали интервалот за примање на дополнителна доза на вакцина против Ковид-19. – Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант. Во Австралија повторно се бележат рекорден број новозаболени […]

Соработниците во Ватикан приложуваат зелен сертификат за вакцинација за Ковид-19 за да добијат пристап до работните места


Ватикан –  Соработниците во Ватикан сега мора да приложат зелен сертификат за вакцинација или прележан коронавирус за да добијат пристап до своите работни места. Мерката стапи на сила вчера. Отсуството од работното место на вработените кои немаат таков документ ќе се смета за неоправдано. За време на отсуство на овие лица ќе им биде прекината исплатата […]

Во Франција највисок број на новозаразени досега – 88.000 случаи


Франција регистрираше уште 179 смртни случаи, додека бројот на заразени со Ковид-19 на одделенијата за интензивна нега достигна 3.208, што е за 61 повеќе од претходниот ден, јави Танјуг. Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани околу 88.000 нови случаи на корона вирус, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство, што е најголем број […]

Нови правила за влез и во Шведска


  Поради ширењето на корона вирусот особено на сојот микрон, се повеќе земји ги менуваат правилата за влез. Меѓу нив и Шведска. Имено, од 28 декември, сите патници кои се постари од 12 години, а влегуваат во Шведска мора да приложат негативен ОЦР тест, без оглед дали се вакцинирани или не, или имаат потврда за […]

Двегодишно дете излегло надвор на минус 10 во Австрија, го нашле мртво


Ноќта во средата кон четвртокот дојде до трагедија во Австрија во која смртно настрада двегодишно дете. Уште не е јасно како дошло до тоа. Како што јавија локлните медиуми, во местото Вордервејсербах момчето наводно излегло од дома и на студеното, се смрзнало. Според еден локален медиум, родителите биле на гости кај соседи, а со себе […]

Масовна сообраќајна несреќа во Висконсин: Се судрија 100 возила, камиони се во пламен


Во Висконсин, држаава во САД, дојде до сообјаќајна несреќа на сообраќајницата I94. До судар на 100 возила, како товарни, така и патнички автомобили, дошло во округот Џексон. Како што пишуваат медиумите, повеќе камиони се во пламен, а многу автомобили се заглавени под приколки на други возила. Massive crash involving over 100 vehicles on I-94 in […]

Новиот сопственик на Еуроњуз поврзан со Орбан


Португалската компанија која ќе стане мнозински сопственик на паневропската телевизија Еуроњуз има долгогодишни лични и професионални врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше критикуван за влошување на медиумскиот плурализам во Унгарија.   Таткото на извршниот директор на инвестициската компанија „Алпак капитал“ и поранешен пратеник во Европскиот парламент Марио Давид, е долгогодишен соработник и советник […]

Во Нов Јужен Велс невакцинираните би можеле да си ги плаќаат трошоците за лекување


 Властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предложија лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 да ги плаќаат трошоците за болничко лекување. Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го плата своето лекување. Голем број политичари и лекари се изјаснија против […]

Белорусија: Ако читаш Радио Слободна Европа ќе одиш во затвор


Белоруското министерство за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека го додало американскиот радиодифузер Радио Слободна Европа/Радио Либерти на својата листа на екстремистички организации. Овој потег, кој доаѓа во време на зголемени тензии меѓу владата во Минск и Западот, значи дека Белорусите кои се претплатиле на РСЕ на интернет може да се соочат со затворска казна […]