Во Франција 94.000 новозаразени, болниците под голем притисок


Франција, на Бадник, надмина праг од 94.000 нови дневни случаи со Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство. Во 24 часа, забележани се 94.124 нови случаи во петтиот бран од епидемијата, зајакнато со омикрон сојот. Последните седум дена просечно дневно имало 66.417 нови случаи Претходниот рекорд […]

Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот во Кабул


 Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот Хамид Карзаи во Кабул и уште четири аеродроми во Авганистан, јави Анадолија. Турско-катарската делегација, која вчера   пристигна во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот Хамид Карзаи и четири други аеродроми во земјата, јави агенцијата повикувајќи се на извори. „По […]

Дали Исус беше левичар или десничар?


  Како Исус станал поврзан со десницата? Тој беше син на бегалци кој се залагаше за сиромашните и ги повика своите следбеници да не го фрлаат првиот камен. Но, кога станува збор за гласачките кутии, Исус стана политичка сопственост на тврдокорните конзервативци и антимиграциските популисти кои се помалку склони да го свртат другиот образ отколку […]

Истражување: Згаснаа речиси половина од авганистанските медиуми


Авганистанските медиуми се на работ на колапс бидејќи имаат проблем со финансирањето откако талибанците ја презедоа власта во август оваа година. Истражување на Новинари без граници (РСФ) и Здружението на авганистански независни новинари (АИА) покажа дека околу 43 отсто од авганистанските медиуми престанале да работат, оставајќи речиси 60 отсто од новинарите без работа. Студијата заклучува […]

Полска ќе го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула


Полската влада има намера да го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула од 1 февруари, како дел од програмата за даночни намалувања и парични средства кои треба да го ублажат влијанието на спиралната инфлација врз потрошувачите. Полска побара одобрение од Европската унија за промена на даночните регулативи за намалување на ДДВ на храната, […]

Светот во 2021: Упад во Капитол – речиси една година подоцна


САД– 6 јануари 2021 година ќе остане забележан како мрачен ден во американската историја. И речиси една година подоцна, бавните тркала на правдата продолжуваат да се вртат додека Американците чекаат да видат што ќе се случи следно. Во меѓувреме, властите минуваат низ една од најголемите кривични истраги во американската историја – па можеби ќе помине […]

Светот во 2021: Тешка година за Аунг Сан Си Чи и демократијата во Мјанмар


Мјанмар– „Не ги расипува луѓето моќта, туку стравот. Стравот од губење на моќта ги расипува оние кои се на власт, а стравот од злоупотреба на моќта оние со кои се владее“. Со овие зборови нобеловката од Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, го почна својот говор во 1990 година кога како млада жена, активистка, политичарка, демократка […]

Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред во сенка на пандемијата


Англија–  Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот и светот“ (Urbi et […]

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата


САД–  Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата ширум светот, потврдија воени претставници кои ги следат неговите движења. „Дедо Мраз го прави тоа со векови, тој е професионалец“, рече капетанот во канадската армија Александра Хејдук, портпарол на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Заедничката […]

Американскиот воен брод ќе остане во заливот Гвантанамо поради заразени лица од екипажот со Ковид-19


САД –  Американски воен брод го одложи своето распоредување во Јужна Америка поради појава на Ковид-19 меѓу лицата од екипажот, соопшти американската морнарица. Бродот „Милвоки“ ќе остане во базата во заливот Гвантанамо на Куба, каде застана на планиран престој. Бродот се упатил на 14 декември од Мејпорт, Флорида кон регионот на Јужната американска команда. Морнарицата […]

Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден


  Водачите на здравствените власти во Велика Британија изразија тревога за голем пораст на бројот на хоспитализации поради Ковид-19, откако 1.171 лице со оваа болест беа примени во последните 24 часа што постави уште еден рекорд на дневни случаи. Најновите владини бројки покажаа дека се регистрирани 122.186 случаи на корона вирус до 9 часот наутро […]

Папата одржа миса на Бадник


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија. Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите […]

Патријархот Вартоломеј има корона вирус


Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија. Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на коронавирус, пренесува Ројтерс. Неговата општа состојба е добра, додава грчки Катимерини. Откако му била дијагностицирана, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи. Патријархот им […]

Пентагон ќе отстранува од војската и за „лајк“ на екстремисти


Пентагон издаде нови упатства  за искоренување на екстремизмот во американската војска, предупредувајќи дека дури и „лајкувањето“ на националистичка и екстремистичка содржина на социјалните мрежи и слични активности може да резултира со дисциплинска постапка. Насоките доаѓаат речиси една година по нападот на Капитол на 6 јануари, во кој  учествуваа десетици сегашни и поранешни војници, по што […]

Германија очекува драматично зголемување на Омикрон случаите наредните денови


  БЕРЛИН – Германскиот министер за здравство во петокот рече дека процентот на инфекции со корона вирус со новата варијанта Омикрон нагло ќе се зголеми во наредните денови и тој апелираше до луѓето да преземат чекори за да избегнат инфекција за време на божиќните прослави. Германските власти очекуваат уште еден бран на случаи на Ковид-19 […]

Полска го обвини Берлин дека сака ЕУ да ја претвори во „четвртиот германски рајх“


  Полскиот национал-популистички лидер Јарослав Качињски ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори Европската унија во федералистички „Четврти германски рајх“ во интервју објавено во петокот. Има земји кои „не се ентузијасти за изгледите за изградба на германски четврти рајх врз основа на ЕУ“, изјави претседателот на партијата Право и правда (ПиС) за полскиот […]

Роман Амбрамович доби португалски пасош


  Рускиот милијардер Роман Абрамович доби португалско државјанство преку неговото еврејско потекло по неколкугодишни неуспешни обиди за виза и престој на друго место во Европа. Абрамович стана државјанин на членката на ЕУ откако го повлече барањето за престој со Швајцарија која не е членка на ЕУ во 2017 година поради швајцарските грижи за ризиците по […]

Во САД 230.000 нови инфекции


  Во Соединетите Држави здравствените власти пријавија 230.456 нови инфекции во последните 24 часа. Најмалку 3.288 други луѓе починале од корона вирусот. Вкупно, повеќе од 51,85 милиони случаи на инфекција се откриени во САД од почетокот на пандемијата, а најмалку 818.073 луѓе починале. САД, каде живеат околу 330 милиони луѓе, имаат најголем број на инфекции […]

Канада оваа година прими 401.000 нови жители


Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Повеќето од 401.000 нови, постојани жители – бројка што е постигната првпат по повеќе од 100 години – веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција. Според него, „минатата […]

Белата куќа ја нарече пораката на Трамп за вакцините „добра работа“


САД– Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки во четвртокот му аплаудираше на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за промовирање на вакцината против Ковид-19. „Ние сме благодарни што поранешниот претседател го доби бустерот“, им рече Псаки на новинарите на брифингот во Белата куќа. „Ние сме, исто така, благодарни што тој јасно стави […]