Велика Британија разгледува опции за распоредување сили во НАТО поради украинската криза


Англија – Велика Британија разгледува опции за распоредување значајни сили во НАТО како дел од планот за зајакнување на границите на Европа како одговор на трупањето руски војници на границата со Украина, соопшти синоќа британската влада. Велика Британија вели дека секое влегување на Русија во Украина ќе биде проследено со брзи санкции.

Џонсон го разгледува најголемиот можен предлог до членките на НАТО во скандинавските и балтичките земји, кој ќе ги удвои британските сили и ќе испрати одбранбено оружје во Естонија, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

„Овој пакет ќе испрати јасна порака до Кремљ – нема да ја толерираме нивната дестабилизирачка активност и секогаш ќе стоиме на страната на нашите сојузници во НАТО наспроти руското непријателство“, наведува Џонсон во изјавата.

„Им наредив на нашите вооружени сили да се подготват за распоредување во Европа следната недела за да се осигураме дека можеме да ги поддржиме нашите сојузници во НАТО“.

Официјалните лица ќе ги разјаснат деталите за британскиот предлог следната недела во Брисел, каде министрите членки ќе разговараат за воени опции.