Си ги продаваат децата и органите – неподнослива беда

Пред три години поради сиромаштија и за да ги плати трошоците за лекување ја продал ќерката Рузија за 3.500 долари, а пред две години бубрегот за 2.000 долари.


 

Многу Авганистанци со години се борат со исклучителна сиромаштија, а често се одлучуваат и на продажба на телесните органи за со добиените пари да го прехранат семејството.

Откако талибанците ја презедоа власта, дојде до прекин на испораката на меѓунардона помош, а животот на Авганистанците дополнително им е отежнат во зимскиот период.

Ваквата состојба ги загрозува животите на милиони луѓе, а многу Авганистанци се одлучуваат да си ги продадат органите или дури и децата, за да го прехранат семејството, се додава во текстот на турската агенција.

Во Шехр-и Себза, оддалечен околу 20 километри од центарот на Херат, во последните неколку години дојде до суша и недостиг на стоки, а судирите со талибанците и претходната администрација дополнително го отежна животот на луѓето на ова подрачје.

Многу жители од тие региони, кои разговарале со екипите на „Анадолија“, велат дека се присилени да си ги продадат децата, но и бубрезите.

Еден од локалците е и Абдулкадир (38), кој додека зборува д`тка и се тресе, не знае од што боледува, а нема пари да оди во болница.

„Отидов во болница да ги продадам буврезите за околу 150.000 авгани (околу 1.500 долари). Лекарите рекоа дека ќе умрам ако останам без органите. Покрај тоа, јас сакам да ги продадам бубрезите. Нашата економска ситуација е толку лоша, па подговтен сум да продадам и едно дете за 150.000 авгани. На тој начин би ги спасил останатите членови на семејството“, вели тој.

Мештаните се жалат дека нема работа за да заработат пари.

Многу деца, но и постари просат, или собираат пластика и хартија.

Жените прават конци од волна која ја носат трговците, а населението дневно најмногу заработува 50-100 авгани (околу 0,5 – 1 долар).

Бубрегот го продал и Гулбедин (38), кој сега затоа не може да работи никаква физичка работа.

Пред три години поради сиромаштија и за да ги плати трошоците за лекување ја продал ќерката Рузија за 3.500 долари, а пред две години бубрегот за 2.000 долари.

Сепак, сопругата и понатаму е болна, а ни финансиската состојба не е на завидно ниво.

Другата ќерка, Рација, мината година ја продал за 1.500 долари.

Меѓународната организација за труд соопшти дека по талибанците, во Авганистан без работа останале околу 500.000 луѓе, а тој број може до средината на оваа година да нарасне на 900.000.