Мајка во Узбекистан ја фрли ќеркичката (3) во кафез со мечки


 

Во Зоолошката градина во Ташкент, Узбекистан, мајка пред посетителите и чуварите си ја фрли тригодишната ќерка во кафез со мечки.

Целиот инцидент е снимен од надзорните камери.

На снимката се гледа како еден човек се обидува да ја спречи жената во намерата, но таа сеедно го фрла девојчето.

Инцидентот се случил во петокот, а ужаснатоте посетители гледале како огромната мечка трча кон девојчето, но за среќа не го напаѓа, туку само го душка. Потоа чуварите го изолираат животното во друг дел, а влегуваат кај фрленото девојче.

Малото дете помина со тешки повредни, но не од мечката, туку од падот во кафезот.

„Детето паднало од пет метри височина и се здоби со повреди на главата. Не е животно загорезено, но нејзината состојба интензивно се следи“, велат надлежните.

Мајката се товари за обид за убиство и ѝ се заканува казна од 15 години затвор. Не е познато зошто го фрли девојчето кај мечките.