Катар ја одобри употребата на вакцината на Фајзер за деца


 Катарското Министерство за здравство ја одобри употребата на вакцината на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од пет до 11 години, соопштија денеска катарските власти.

Претходно во ноември минатата година, заливските држави Бахреин и Саудиска Арабија дозволија употреба на вакцината на Фајзер против Ковид-19 за итна употреба кај деца од истата возрасна група.

Дозата за деца е една третина од дозата дадена за возрасни, односно 10 микрограми