Бајден: САД и сојузниците со одлучен одговор ако Русија дополнително ја нападне Украина


САД–  СAД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Русија дополнително ја нападне Украина. Таква порака му пренел американскиот претседател Џо Бајден на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа. Повикот е неколку дена откако Бајден одржа втор разговор за еден месец со рускиот претседател Владимир Путин во време на тензии на руско-украинската граница каде […]

Финска размислува за пристапување во НАТО покрај острото противење од Русија


  Активностите на руската војска на границата со Украина повторно ги покренаа разговорите во Финска за тоа дали оваа земја треба да стане дел од НАТО. Како што изјави премиерката на Финска Сана Марин, Финска ја заджува можноста да се пријави за членство во НАТО. „Ја задржуваме можноста да се пријавиме за влез во НАТО. […]

Уапсен е осомничен за пожарот во Парламентот на ЈАР


Еден човек е уапсен во врска со пожарот што целосно ја уништи салата на Националното собрание во јужноафриканскиот главен град Кејптаун, каде што заседаваат пратениците. Осомничениот ќе се појави на суд во вторник, соопшти полицијата. – Маж е уапсен во зградата на Парламентот и тој се уште е на распит. Покренавме кривична постапка против него. […]

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците


Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна. – Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на […]

Хонгконг: Се затвора уште една информативна веб-страница


Онлајн медиумот Ситизен њуз за вести од Хонгконг денеска соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт Стенд њуз. Ситизен њуз денеска ја објави својата одлука на Фејсбук. Тие соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа […]

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе


САД– Од 1 јануари 2022 година, на Земјата живеат 7,8 милијарди луѓе, што е зголемување на населението за 74 милиони или 0,9 отсто во споредба со 1 јануари минатата година, покажуваат податоците на американското Биро за попис на населението. Во текот на оваа година се очекува да има 4,3 раѓања и два смртни случаја секоја […]

Зошто Омикрон е помалку тежок? Тој ги поштедува белите дробови


  Низата нови студии на лабораториски животни и човечки ткива ги даваат првите навестувања зошто варијантата Омикрон предизвикува поблага болест од претходните верзии на корона вирусот. Во студиите на глувци и хрчаци, Омикрон произведува помалку штетни инфекции, често ограничени главно на горните дишни патишта: носот, грлото и душникот. Варијантата многу помалку им наштети на белите […]

Хајка против Макрон поради знамето на ЕУ под Триумфалната порта


   За само 48 часа, знамето на ЕУ се крена – а потоа се тргна – под Триумфалната капија во Париз, предизвикувајќи културна војна на крајната десница за националниот идентитет и оставајќи ја француската влада да инсистира дека не попуштила пред критичарите. Франција првично го подигна знамето на 31 декември, дел од прославата за преземањето […]

Германски офталмолози: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца


  Германските офталмолози, очекуваат дека поради пандемијата, ќе се зголеми бројот на кратковиди деца, затоа што место надвор, повеќе време поминуваат дома пред екраните на телевизорите и телефоните. „Може да се очекува дека пандемијата ќе ја зголеми кратковидоста меѓу децата затоа што повеќе гледаат во екраните на телефоните и таблетите, на мала оддалеченост„, вели портпаролот […]

Како беше уништена демократијата во Хонгконг


  ХОНГКОНГ – Како што се намалуваа деновите во 2021 година, така се намалуваа и сите преостанати траги на демократија во Хонгконг. Во средата, гласен продемократски медиум — еден од последните отворени критички гласови во градот — беше затворен по полициска рација. Претходно во декември, опозицијата беше исклучена од изборите според новиот закон што ги […]

Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе


 Обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во Малезија во последните две недели погодија седум држави, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Според соопштението, 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави кои сè уште се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах. Според извештаите, 8.727 луѓе се во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома. Во поплавите […]

Најмалку 15 лица повредени во земјотрес во Кина


Најмалку 15 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди кинескиот град Лиџијанг во југозападната провинција Јунан, соопшти локалната сеизмолошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, наведува агенцијата. Други податоци за евентуална материјална штета засега не се соопштени.

Во Амстердам пак протестираа илјадници против карантинот


  АМСТЕРДАМ – Илјадници луѓе во Холандија ѝ пркосеа на забраната за собирање и во неделата демонстрираа против мерките за заклучување на холандската влада, собирајќи се на централниот плоштад пред да маршираат кон паркот во Амстердам. Мала група демонстранти накратко се судри со полицијата за немири додека полицајците ја расчистуваа толпата од плоштадот „Музеј“ врз […]

Во Русија пет лица загинаа во автобуска несреќа


Русија – Најмалку пет лица загинаа, а 21 се повредени во автобуска несреќа што се случи јужно од Москва рано утринава, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во областа Рјазан, на околу 270 километри од Москва, соопшти руската Федерална управа за патен сообраќај. Автобусот, во кој имало 49 патници, наводно удрил во столб и излетал од патот. 

Франција го скрати периодот на изолација од 10 на седум дена


Франција– Во Франција, задолжителниот период на изолација на лицата заразени со корона вирусот, кои се целосно вакцинирани, ќе се скрати од 10 на седум дена, соопшти денеска министерот за здравство Оливие Веран. Француските власти следат други земји, кои претходно оваа недела го скратија задолжителниот период на изолација, како што се САД. – Изолацијата може да биде укината по пет дена во случај […]

Германија го презема претседателството со Г7


Германија како претседавач со Групата 7 има палета со теми, но она што Г7 го дискутира на крајот е сепак диктирано од случувањата на светската политичка сцена Непосредно пред Божик, владиниот портпарол Штефен Хебештрајт крена син постер на кој бела буква G и бела бројка 7 се поставени една во друга така што графички се […]

Тони Блер и Даниел Крег на новогодишната листа на почести на кралицата Елизабета


Англија- Даниел Крег  кој 15 години го глумеше Џејмс Бонд беше одликуван со Орден Св. Мајкл и Св. Џорџ (CMG). Улогата на Џејмс Бонд, актерот ја напушти по пет филмови во кои игра познат британски шпион, заедно со неодамна објавениот филм „Нема време за умирање“. Кралицата му оддаде почит на Крег како признание за неговиот […]

Гислејн Максвел беше осуденa. Сега вниманието се свртува кон принцот Ендрју


САД- Пресудата на поранешната британска припадничка на високите кругови Гислејн Максвел  за виновна за сексуална трговија во федералниот суд во Менхетен, Њујорк, доаѓа неколку дена пред нејзиниот долгогодишен пријател, принцот Ендрју, да се обиде да го отфрли неговиот сопствен граѓански случај во судот во Њујорк. Максвел (60) беше уапсена во јули 2020 година, обвинета за […]

Нема корона за богатите, станале уште побогати


Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Блумберг. Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката, според индексот на милијардери на Блумберг. Основачот на Tesla и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари […]

Омикрон би можел да го доведе Израел до колективен имунитет


Израел– Скокот на бројот на заразени со варијантата омикрон на коронавирусот може да доведе до тоа Израел да постигне колективен имунитет, изјави денеска највисокиот здравствен функционер во земјата, додека бројот на случаи продолжува да расте. Високо заразната варијанта омикрон доведе до зголемување на случаите на коронавирус ширум светот. Бројот на заразени ширум светот достигна рекордно […]