Пијан возач на камион удри во 34 возила, предизвика пожар кој зафати зграда


 

Во германскиот град Фурт, пијан возач на камион направи огромен хаос кога удри во 34 паркирани автомобили и предизвика пожар.

Местото на настанот, градот Фурт, недалеку од НИрнберг изгледа како воена зона откако пијаниот возач на камион го игнорирал црвеното светло на семафорото, па прво удрил во едно возило на крстосницата, а потоа уште во 34 паркирани автомобили при полна брзина. Камионот со пијаниот возач направи хаос на улица во должина од 500 метри, а некои од автомобилите се многу оштетени.

На крај, се запали камионот како и неколку автомобили, а огнот се прошири и на станбена зграда која е евакуирана.

Во инцидентот што се случил во вторникот вечерта, пријавени се три повредени лица, меѓу кои и возачот на камионот, возачот на првиот удрен автомобил и еден пешак.

Возачот на камионот е уапсен, се работи за 50-годишен маж од Турција без дозвола за престој во Германија. Со алкотест утврдено е дека пиел алкохол вечерта и дека нивото во крвта било неколкупати над дозволеното.

Полицијата се обидува да утврди дали пијанството или некој друг мотив е причината за несреќата.