Претседателот на Казахстан нареди да се пука со „жива муниција“


  Претседателот на Казахстан во петокот рече дека ги овластил органите на редот да отвораат оган врз „терористите“ и да пукаат за да убијат, потег што доаѓа по неколкудневните екстремно насилни протести во поранешната советска земја. Во телевизиско обраќање до нацијата, Касим-Жомарт Токаев ги обвини „терористите“ и „милитантите“ за немирите и рече дека одобрил употреба […]

Нова студија: Голем број од заразените имаат „долг ковид“. Што е тоа и што треба да се преземе?


  Повеќе од половина од 277 милиони луѓе кај кои е дијагностициран Ковид-19 ширум светот од декември 2019 година ќе имаат симптоми познати како „долг Ковид“ до шест месеци по закрепнувањето, покажа ново големо истражување. Научниците од Медицинскиот колеџ Пен Стејт, кои спроведоа студија објавена во престижниот весник на Американското медицинско здружение (American Medical Association – […]

Експресна реакција на Трамп: Бајден ја уништува нацијата и дополнително ја дели Америка


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп експресно реагираше на говорот на актуелниот претседател Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во Капитол Хил, при што го обвини за „уништување на нацијата“. -Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка, рече Трамп. Тој ги […]

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни


Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“. „Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал. Како дел од истрагата формирана е […]

СЗО: Омикрон нема да биде последната варијанта на коронавирусот


Високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, изјавија денеска лидерите на Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз, кажа дека претходните студии покажале дека постои намален ризик од хоспитализација поради омикронот, во […]

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати


Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство откако Русија во текот на изминатата ноќ испрати падобранци во обид да се задуши граѓанскиот бунт во оваа поранешна советска република. Очевидци за британските медиуми изјавија дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила. -Војниците пукаат во демонстрантите […]

Речиси 70 отсто патници од авион што слетал во Индија од Италија се позитивни на коронавирусот


Иако морале да достават негативен тест за Ковид-19 за да се качат на лет, речиси 70 отсто од патници на авион што летал од Милано до Амритсар, се со позитивен тест за коронавирус при пристигнувањето вчера попладне во Индија, јави ДПА. По пристигнувањето, 160 возрасни патници биле повторно тестирани, а 125 тестови биле позитивни, објавија […]

Министрите за одбрана на САД и Русија разговараа за намалување на ризиците во близина на Украина


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска разговараше со својот руски колега Сергеј Шојгу, со фокус на „намалување на ризикот долж границите на Украина“, се вели во краткото соопштение на Пентагон. „На 6 јануари 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин остварија телефонски разговор. Разговараа за безбедносни […]

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во […]

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија


Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари […]

УНЕСКО соопшти дека во 2021 година биле убиени 55 новинари


УНЕСКО соопшти дека 55 новинари биле убиени во 2021 година, пренесе Политико. Новите податоци покажуваат дека 87 отсто од сите убиства на новинари од 2006 година остануваат нерешени. Според УНЕСКО, 55 новинари и медиумски работници биле убиени во 2021 година ширум светот. Иако тој број претставува најнизок годишен број на смртни случаи во повеќе од […]

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво […]

Коронавирус: Најнови глобални случувања


Италија – Италија ја прави вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години од 15 февруари, во обид да се бори со енормно зголемениот број нови инфекции со коронавирусот. Бразил одобри вакцини за деца на возраст од пет до 11 години бидејќи најнаселената земја во Јужна Америка се соочува со брзо зголемување на инфекциите поради празничните собири. […]

Во Италија сите над 50 години мора да се вакцинираат


Италија– Италија воведе задолжително вакцинирање против ковид-19 за сите лица над 50 години, додека се обидува да ги растовари болниците и да го намали бројот на смртни случаи среде ново големо ширење на коронавирусот. Мерката е една од најстрогите во Европа и стапува на сила веднаш.   Таа беше поддржана едногласно од министрите, и покрај […]

Обилен снег во Токио, откажани над 100 летови


Јапонија– Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа […]

Јапонија и Австралија потпишаа договор за соработка во одбраната


Австралија – Јапонија и Австралија денеска потпишаа договор за соработка во одбраната, како последен чекор во зајакнувањето на меѓусебната безбедност поради зголемувањето на воената и економската моќ на Кина. Јапонскиот премиер Фумио Кишида и неговиот австралиски колега Скот Морисон на денешниот виртуелен самит се согласија дека двете земји треба да ја зајакнат соработката во области како […]

Русија испрати падобранци како дел од мировниот контингент на ОДКБ во Казахстан


Русија – Руските Воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација. „Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот, пренесува руската […]

Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: „Никој не е над законот“


  Австралискиот премиер Скот Морисон ја потврди веста за одбивањето на визата за Новак Ѓоковиќ, велејќи дека никој не е над законот. Морисон на Твитер напиша: „Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење […]

Цела Европа падна на колена пред Омикронот – рекордни бројки на заразени


  Неверојатно цунами од нови инфекции се случува во Европа најмногу поради новата варијанта на корона вирусот – Омикрон. Здравствените власти речиси и да не мпжат да ги добројат случаи и никој од епидемиолозите нема претстава кога би можела да запре оваа спирала. Веројатно додека сите не се разболат. Франција Министерот за здравство, Оливие Веран, […]

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина. „Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка […]