Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени


Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот. Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ. …

Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени Read More »

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи


Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата …

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи Read More »

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож


Најмлаку тројца се убиени во инцидент во Арканзас, САД, кога полицаец пукал бранејќи се од напад со нож, соопшти Полицијата. Меѓутоа, тие не изнесоа повеќе детали за тоа што точно се случило, ниту за начинот на кој луѓето се убиени и што довело до тоа полицаец од Форт Смит да пука од пиштол, пренесе АП. …

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож Read More »

Унгарија: Петер Марки-Зај ќе биде ривал на Орбан на изборите


Конзервативниот политичар ја победи либералката Клара Добрев во изборите за кандидат на здружената опозиција на парламентарните избори следната година   Градоначалникот на мал град, Петер Марки-Зај, аутсајдер без никаква политичка припадност, ја победи левичарката Клара Добрев во вториот круг на гласањето на опозицијата за избор на противкандидат за националистичкиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан. Со …

Унгарија: Петер Марки-Зај ќе биде ривал на Орбан на изборите Read More »

Британскиот пратеник го убил син на поранешен висок функционер од Сомалија


Харби Али Кулане, татко на Али Харби Али, кој е осомничен за убиството на британскиот пратеник Дејвид Емес, изјави дека неговиот син е уапсен. „Во овој конкретен момент минуваме низ досега незапамтена и ужасна ситуација“, рече Кулане, поранешен советник на Хасан Али Каире, поранешен сомалиски премиер за Ројтерс. „Заради раната фаза од истрагата кога е …

Британскиот пратеник го убил син на поранешен висок функционер од Сомалија Read More »

Најмалку еден загинат при пукање во кампус во САД


Во неделата наутро, по локално време, дошло до пукање во кампус на Универзитетот во Луизијана САД. Убиено е најмалку едно лице, а неколку се ранети, пишува Си-ен-ен. До пукањето дошло околу 1.15 часот наутро по локално време. Не се знае кој е напаѓач, а полицијата истражува.

Клинтон излезе од болница


САД– Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска беше пуштен од болница во Јужна Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта. Неговиот …

Клинтон излезе од болница Read More »

Тинејџер во САД загина од заталкан куршум додека в соба играл на Ајпад


Во Алабама, САД во петокот вечерта заталкан куршум погодил 13-годишно момче кое во својата соба си играло на Ајпад. Додека момчето седело во собата, заталкан куршум влегол низ прозорецот и го погодил во глава. „Откако сфатиле дека се беспомошни и дека ништо не моажт да направат, родителите и семејството на 13-годишното момче само стоеле од …

Тинејџер во САД загина од заталкан куршум додека в соба играл на Ајпад Read More »

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа во Германија


Три лица загинаа при пад на хеликоптер во југозападна Германија. Хеликоптерот се урна попладнево во шумата во близина на градот Бухен. Полицијата не соопшти повеќе информации за жртвите, како и за причините за несреќата. 

Зеленото време во Норвешка: Нафта и уште повеќе нафта


Новиот премиер, социјалдемократот Јонас Гар Сторе, се откажа од левичарската поддршка во кампањата и новата влада ја сврте кон стариот образец: повеќе нафта и повеќе гас   Повеќе наставници, бесплатни училишни оброци, бесплатни траекти до островите, повисоки даноци за СО2 – тоа е програмата на новата малцинска влада во Норвешка составена од социјалдемократите и Партијата …

Зеленото време во Норвешка: Нафта и уште повеќе нафта Read More »

Умерен земјотрес регистриран во југозападна Полска


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Полска. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри северно од градот Легница. Нема податоци за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.

Германија: Социјалдемократите ја зголемија предноста пред ЦДУ/ЦСУ во анкетите


Три недели по федералните избори, популарноста на социјалдемократите (СПД) истражувањата покажуваат уште поголема предност во однос на Унијата (ЦДУ/ЦСУ). Во анкетата од неделата, која ја прави институтот „Инса“ секоја седмица за „Билд ам Зонтаг“, социјалдемократите достигнаа 28 проценти. Унијата падна во споредба со претходната недела за еден процентен поен на 19 проценти. Зелените освоија еден …

Германија: Социјалдемократите ја зголемија предноста пред ЦДУ/ЦСУ во анкетите Read More »

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг


 Милиони дози вакцини против Ковид-19 ќе бидат уништени во САД во услови на глобален недостиг на лекови против коронавирусот, јави „Гардијан“ коментирајќи дека пропаднаа плановите на властите во земјата дека секој Американец ќе сака да се вакцинира. Уште летоска, повеќето вакцини почнаа да истекуваат, а тоа дојде во услови на раширен скептицизам за вакцинацијата. Најмалку 15 милиони …

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг Read More »

Најмалку десетмина загинати и неколку исчезнати во обилни дождови во Индија


Најмалку 10 лица загинаа откако обилни дождови ја зафатија индиската држава Керала, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави. Поројните дождови од вчера ги принудија локалните власти да побараат помош од индиската војска за спасувачки операции. Најмалку десет луѓе загинаа, а 11 се водат за исчезнати во најтешко погодените области Идуки и Котајам, објави државниот радиодифузер All India …

Најмалку десетмина загинати и неколку исчезнати во обилни дождови во Индија Read More »

Руската филмска екипа се врати на Земјата откако снимаше филм во вселената


Актерката и режисерот се спуштија во степата во Казахстан откако поминаа 12 дена во Меѓународната вселенска станица    Руска актерка и филмски режисер се вратија на Земјата откако поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) снимајќи сцени за првиот филм во орбитата. Јулија Пересилд и Клим Шипенко слетаа како што беше закажано на степа …

Руската филмска екипа се врати на Земјата откако снимаше филм во вселената Read More »

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол. Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради …

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница Read More »

Енергетската сиромаштија во Европа може да се зголеми, предупредува еврокомесар


Комесарот за работни места и социјални права на ЕУ предупреди дека, додека растат цените, енергетската сиромаштија во Европа се зголемува. Николас Шмит за ДПА изјави дека во Унијата веќе има милиони кои страдаат од енергетска сиромаштија и додаде дека тој број може да продолжи да расте. Европската комисија може да им помогне на земјите од …

Енергетската сиромаштија во Европа може да се зголеми, предупредува еврокомесар Read More »

Мистериозна болест во американските амбасади. Што знаеме за неа?


Во Колумбија се регистрирани пет случаи на таканареченот „Хавански синдром”. Кон крајот на август, потпретседателката на САД, Камала Харис ја одложи посетата на Виетнам заради случаите кои се појавија таму. Во американската амбсада во Богота се појавија случаи на таканаречениот „Хавански синдром”. Претседателот на Колумбија Иван Дуке за новинската агенцина АФП, ја потврди информацијата првично …

Мистериозна болест во американските амбасади. Што знаеме за неа? Read More »

Русија развива вакцина против повеќе вируси одеднаш


  Специјалисти од рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, почнаа со претклиничка студија за вакцина, која истовремено треба да пружи заштита од повеќе различни вируси или неколку соеви на ист вирус. „Зборуваме за вакцина која почнавме да ја тестираме на мајману“, велат од таму. Целта на оваа технологија е да може истовремено …

Русија развива вакцина против повеќе вируси одеднаш Read More »

Можна е нова голема криза за гас во Европа, предупредува потпретседател на руската влада


Потпретседателот на руската влада задолжен за енергетски прашања, Александар Новак денеска изјави дека Русија не ја исклучува можност за нова криза со гас во Европа и ја повика Европска Унија на преговори. – Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме за дијалог, истакна Новак. Тој истакна дека во европските складишта недостасуваат …

Можна е нова голема криза за гас во Европа, предупредува потпретседател на руската влада Read More »