САД побараа од Хондурас екстрадиција на поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез


САД – Соединетите Американски Држави побараа од Хондурас да го екстрадира поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез, јави Си-Ен-Ен. САД го бара поранешниот претседател во врска со обвинувања поврзани со трговија на дрога.

Министерството за надворешни работи на Хондурас објави твит, во потврди дека побарал од Врховниот суд на земјата да одобри екстрадиција на „политичар од Хондурас“ без да даде повеќе детали.

Но, набргу потоа, Си-Ен-Ен доби пристап преку извор во владата на Хондурас до известувањето испратено од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Хондурас до Врховниот суд. Во документот се информира за „официјално барање за привремено апсење за екстрадиција во САД на Хуан Орландо Хернандез“, кој е заштитен со имунитет од парламентот на таа земја.

Cи-Ен-Ен побарала повеќе детали за ова барање од Министерството за правда на САД, на што тие одговорија дека немаат коментар.

Во меѓувреме, претседателот на Врховниот суд на Хондурас свика итна пленарна седница на судии за назначување судија во врска со барањето за екстрадиција од САД и испратено од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка.