(Видео) Се урна мост во САД: Претседателот се упати кон местото на несреќата


Поради тежината од снегот се урнал мост во Питсбург, САД, потврдија градските служби за итна помош. Како што пренесуваат медиумите, во воздухот се чувствува мирис на гас, па на жителите од околните згради им е речено да го напуштат тоа подрачје. За сега се верува дека нема жртви, но четири возила паднале од мостот, а […]

Кина првпат годинава ќе произведе 50 отсто енергија од обновливи извори


Горивата од обновливи извори како што се ветрот, сонцето и хидроелектраните, како и нуклеарната енергија, до крајот на оваа година, првпат во историјата, би можеле да достигнат половина од вкупното кинеско производство на енергија и да ја намалат употребата на фосилни горива, соопшти Кинескиот совет за електрична енергија. Кина, која моментно се наоѓа на прво […]

Полската влада се обидува да ја блокира истрагата за прислушувањето


  ВАРШАВА – Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) френетично се обидува да ја блокира парламентарната истрага за наводите за хакирање телефони на опозициски политичари спонзорирани од владата. Но, кревката контрола на власта од страна на партијата го отежнува спречувањето на истрагата. Тоа го претвори поранешниот рок-музичар Павел Кукиз во еден од најмоќните политичари […]

Америка очекува Русија да ја нападне Украина во февруари, кога ќе замрзне земјата


  Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден го предупредил украинскиот претседател во четвртокот дека постои „изразита можност“ Русија да преземе воена акција против Украина во февруари. Кремљ исто така се огласи со мрачна нота, велејќи дека гледа „малку основа за оптимизам“ во решавањето на кризата откако САД оваа недела повторно ги отфрлија главните барања […]

По рекордниот број новозаразени, Полска враќа дел од учениците на онлајн настава


Постарите ученици во Полска се враќаат на учење од далечина откако земјата објави рекорден пораст на случаи на новозаразени со коронавирус, втор ден по ред. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 57.659, соопшти Министерството за здравство. Во истиот период во Полска, која има 38 милиони жители, починале 262 лица. Министерството за […]

Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид


Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради Ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата. На 18 јануари, премиерот Сана Марин објави дека Финска ќе почне со олабавување на мерките од средината на следниот […]

Петти обид на италијанскиот Парламент да избере претседател на државата


Италијанскиот Парламент денеска, во петти обид, ќе се ангажира да избере нов претседател. Премиерот Марио Драги се уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не сакаат да го поддржат, стравувајќи дека каква било промена на владата може да предизвика предвремени избори. Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, […]

Жестока дебата во Франција: Дали невакцинираните имаат право на бесплатно лекување


Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми. Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво […]

Канадскиот премиер Трудо во изолација по контакт со заразено лице со Ковид


Премиерот на Канада Џастин Трудо се изолирал откако дознал дека бил во контакт со лице заразено со Ковид-19. Информацијата ја објави Трудо на својот Твитер профил. „Синоќа дознав дека сум бил во контакт со лице заразено со Ковид-. Резултатот од мојот брз тест беше негативен. Ги следам упатствата на Одделот за здравство во Отава и […]

Бундестагот пренасочува милијарди евра за борба против пандемијата кон зелени проекти


Германскиот Бундестаг одлучи да пренасочи милијарди евра во буџетот одобрен лани како заеми за пандемијата, но кои не мораа да се користат, јави ДПА. Наместо тоа, средствата ќе се пренасочат на инвестирање во јаглеродна неутралност и дигитализација, според ребалансот на буџетот за 2021 година, претставен од министерот за финансии Кристијан Линднер. Тој потег предвидува неискористените […]

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе расправа за Украина


САД испратија барање за свикување средба на Советот за безбедност на ОН за Украина на 31 јануари, соопшти американската мисија во ОН. Сега е потребно целосно внимание на Советот и очекуваме директна и продуктивна дискусија в понеделник“, се вели во соопштението. Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил […]

СЗО: Над 360 милиони потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во светот


Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони, а бројот на починати – 5,62 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците што ги објави синоќа, досега се регистрирани 360.578.392 заразени и 5.620.865 починати. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 3.395.352, а на починати за 10.176. Рекорден […]

Шведска ќе гради подземен склад за радиоактивен отпад


Шведската Влада денеска ја одобри изградбата на подземно складиште за радиоактивен отпад, за кое тврди дека ќе биде безбедно во следните 100.000 години. Складирањето на нуклеарниот отпад е глобален проблем од отворањето на првите нуклеарни централи во 1950-тите и 1960-тите. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека ширум светот привремено се складирани околу 370.000 […]

„Модерна“ почна тестирања врз луѓе за вакцина против ХИВ


Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе за вакцина против ХИВ со помош на РНК информатичката технологија, соопштија денеска американската биотехнолошка компанија „Модерна“ и меѓународната истражувачка организација за СИДА „Иницијатива за вакцина против СИДА“. Тестирањата во прва фаза ќе се спроведат во САД, врз 56 возрасни лица со добро здравје и кои се серонегативни. Иако […]

Бајден ќе ја номинира првата црна жена за член на Врховниот суд


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја номинира првата црна жена во историјата на САД за член на Врховниот суд, обраќајќи и се на нацијата поради пензионирањето на либералниот судија Стивен Брејер. „Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет. И […]

ЕМА го одобри лекот против Ковид на Фајзер за пациенти со висок ризик


Регулаторот на Европската унија за лекови денеска го одобри лекот против Ковид-19 на Фајзер за лекување возрасни лица изложени на ризик од тешка болест. Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА) им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година. […]

Бербок во Бундестагот ја бранеше одлуката на германската Влада да не испраќа оружје во Украина


Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска силно го поддржа германското одбивање да се испрати оружје во Украина за одбрана од можната руска агресија. Неподготвеноста на Германија да се приклучи на другите членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија и балтичките земји, предизвика чудење кај сојузниците и фрустрација кај прозападната украинска Влада во […]

Шведска не препорачува вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од 5 до 12 години


Шведска одлучи да не ја препорачува вакцината против Ковид-19 за деца на возраст меѓу 5 и 12 години, објави денеска Шведската здравствена агенција.   „Со знаењето што го имаме денес за малиот ризик од тешко заболување кај децата, не гледаме јасна корист од нивна вакцинација“, рече на прес-конференција службеничката на агенцијата Брита Бјоркхолм.   Таа […]

Русија ја остави вратата отворена откако Запад ги одби нејзините барања


  МОСКВА – Русија во четвртокот рече дека е јасно оти Соединетите Држави не се подготвени да ги адресираат нејзините главни безбедносни проблеми, но ја држат вратата отворена за понатамошен дијалог во нивниот ќор-сокак околу Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва, која ги трупа своите сили во близина на Украина, нема да […]

Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000


Засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион, соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на Европската унија, иако варијантата омикрон се шири многу брзо.   – Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани […]