Зеленски бара одлука за членство на Украина во ЕУ


 Украинскиот претседател Володомир Зеленски побара да се донесе одлука за членство на Украина во Европската унија.

„Ова е клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгогодишната дискусија и да се одлучи за членството на Украина во ЕУ“, објави тој на Твитер.

Паралелно, лидерите на Полска, Литванија и Германија договорија денес средба во Берлин за да разговараат за санкциите кон Русија, објави на Твитер портпаролот на полската влада Пјотр Мулер.

„На иницијатива на премиерот Моравјецки денеска ќе се одржи состанок во Берлин. Премиерот Моравјецки заедно со претседателот на Литванија Гитанас Наузеда ќе разговараат со германскиот канцелар Олаф Шолц“.

„Европската унија мора веднаш да усвои пакет остри санкции против Русија.