Кличко: Има најмалку 35 повредени во ноќешните престрелки низ Киев


Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца.

Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица.

Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери.