Руските сили тврдат дека уништиле повеќе од 800 воени цели во Украина


Руските вооружени сили уништиле повеќе од 800 објекти на украинската воена инфраструктура, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Руските вооружени сили уништија 821 украински воен објект, вклучувајќи 14 воени писти, 19 контролни центри и комуникациски центри, 24 противвоздушни системи С-300 и одбранбени ракетни системи Оса, како и 48 радари“, додаде тој.

Конашенков додаде дека руските сили собориле седум украински авиони и исто толку хеликоптери. Колку војници и цивили убиле – не влегува во статистиката што ја објавија.