Најмалку пет лица загинаа во пожар во Италија


Најмалку пет луѓе загинаа, а 800 се евакуирани поради пожарот што избувна во близина на италијанското летувалиште Пескара. Повеќе од 500 пожари се активни во јужниот дел на Италија. Додека северниот дел од Италија е зафатен од поплави предизвикани од обилните дождови. Најпогоден е регионот Комо. Неколку села се отсечени, а надојдената вода носеше автомобили. …

Најмалку пет лица загинаа во пожар во Италија Read More »

Атлетичарка од Белорусија одбива да го напушти Токио


Спринтерката Кристина Циманоска е заглавена на токискиот аеродром откако спортските функционери предвреме ја натераа да ги напушти Олимписките игри и да се врати во Белорусија   ТОКИО – Белоруска спринтерка одби да одлета од Токио во неделата, откако беше одведена на аеродромот против нејзината желба од нејзиниот тим по нејзините поплаки за националниот тренерски состав …

Атлетичарка од Белорусија одбива да го напушти Токио Read More »

Ќе му се суди на 100-годишен чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен


Поранешниот чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен во близина на Берлин кој сега има 100 години ќе биде суден на есен, 76 години по завршувањето на Втората светска војна, објави германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“. Окружниот суд во Нојрупин ги одобри обвиненијата за помош во убиство во 3.500 случаи, а судењето треба да започне во октомври. …

Ќе му се суди на 100-годишен чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен Read More »

Во Израел растат и инфекциите од короната и протестите


Неколку стотици Израелци демонстрираа во Тел Авив против новите ограничувања и вакцинацијата против коронавирус, додека позитивните случаи и хоспитализациите се зголемија на ниво што не е забележано со месеци. Министерството за здравство во саботата објави дека 2,435 нови случаи на Ковид се регистрирани претходниот ден – најголем број од март – главно од позаразната варијанта …

Во Израел растат и инфекциите од короната и протестите Read More »

Фаучи не очекува ново заклучување на САД и покрај зголемените случаи на делта сојот


Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, д-р Ентони Фаучи, во неделата рече дека не очекува дека САД ќе се вратат на заклучување, и покрај зголемените ризици од инфекции со СОВИД-19, што ги носи варијантата делта. „Мислам дека нема да видиме заклучувања“, рече Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергии и заразни …

Фаучи не очекува ново заклучување на САД и покрај зголемените случаи на делта сојот Read More »

Јужниот дел на Италија зафатен од пожари


Италија за време на викендот регистрира над 800 пожари, главно во јужниот дел на земјата. – Во изминатите 24 часа пожарникарите имаа повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуљи и Калабрија, 90 во областа Лацио и 70 во Кампања, објави на Твитер италијанската пожарникарска служба. Исто така се наведува дека пожарникарите се …

Јужниот дел на Италија зафатен од пожари Read More »

Флорида станува жариште на корона вирусот во САД


  Флорида во саботата пријави рекордни 21.683 случаи со Ковид-19, со што државата а југоистокот на САД стана национален епицентар на пандемијата од корона вирус. Претходниот рекод во државата беше 19.334 случаи пријавени на 7 јануари, пред вакцините да станат широко достапни, според федералните здравствени податоци, пренесе АП. Случаите на Флорида, која има популација од …

Флорида станува жариште на корона вирусот во САД Read More »

Германија ги категоризира земјите во две ковид зони: со „висок ризик“ и „вирусна варијација“


 Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.Мерката не се однесува на деца под 12 -годишна возраст. Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со …

Германија ги категоризира земјите во две ковид зони: со „висок ризик“ и „вирусна варијација“ Read More »

И компанијата „Волт Дизни“ со одлука за задолжителна вакцинација на вработените


САД – „Волт Дизни“ стана најновата американска компанија што објави дека ќе бара целиот персонал да биде вакциниран против коронавирус, по слични најави од Гугл и Фејсбук. Во соопштението на фирмата се вели: Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа …

И компанијата „Волт Дизни“ со одлука за задолжителна вакцинација на вработените Read More »

Светските организации бараат итно снабдување на сиромашните земји со вакцини против Ковид


САД – Лидерите на Светската здравствена организација, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка колективно ги повикаа производителите на вакцини против Ковид-19 да им дадат приоритет на испораките за посиромашните земји. Во заедничката изјава, тие рекоа дека земјите што се многу напредни во вакцинирањето против болеста треба брзо да обезбедат дози во корист на …

Светските организации бараат итно снабдување на сиромашните земји со вакцини против Ковид Read More »

(Видео) На улиците 200.000 Французи против епидемиолошките мерки, се судрија со полицијата


  Повеќе од 200.000 демонстранти, од кои околу 14.000 во Париз, се собраа во повеќе француски градови во име на слободата, против мерките за сузбивање на пандемијата од корона вирус, трет викенд по ред, објави министерството за внатрешни работи. Приведени се 19 луѓе, од кои десет во главниот град. Повредени се тројца припадници на силите …

(Видео) На улиците 200.000 Французи против епидемиолошките мерки, се судрија со полицијата Read More »

Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата


На југот на Холандија, полицијата ја откри најголемата и најпрофесионалната нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога метамфетамин, откриена досега во земјата. Според полицискиот извештај, дешифрирањето на пораките од шифриран разговор им помогнало на органите на прогонот да стигнат до криминалците. Лабораторијата за наркотици е сместена во две магацини лоцирани во близина на селото Недерверт …

Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата Read More »

Фајзер започнува да тестира вакцина против Ковид-19 на бебиња


Фајзер најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против Ковид-19 на бебиња. Фармацевтската компанија, заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против Ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија. Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две …

Фајзер започнува да тестира вакцина против Ковид-19 на бебиња Read More »

Премиерот Борис Џонсон со сопругата го очекуваат второто дете


Англија – Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, денес изјави дека го очекуваа второто дете . Кери Џонсон ја објави бременоста во објава на Инстаграм во која исто така откри дека претрпела спонтан абортус на почетокот на оваа година. „На почетокот на годината имав спонтан абортус што ме остави со скршено срце“, напиша таа. …

Премиерот Борис Џонсон со сопругата го очекуваат второто дете Read More »

Хаити: Меѓу осомничените за убиството на претседателот е и судијка од Врховен суд


Хаити– Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд. Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот. Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран …

Хаити: Меѓу осомничените за убиството на претседателот е и судијка од Врховен суд Read More »

(Видео) Снимен земјотресот од 6,1 степен во Перу, десетици се повредени


  Најмалку 40 луѓе се повредени во силен потрес на северот на Перу во петокот, објавија локалните здравствени власти. Болницата во градот Сулена јави дека три лица се потешко повредени, меѓу кои и една трудница, а полесно се повредени неколку десетици луѓе. #Peru | A 6.1-magnitude earthquake at a depth of 36 km was recorded …

(Видео) Снимен земјотресот од 6,1 степен во Перу, десетици се повредени Read More »

Дали Шведска цело време беше во право?


Во април 2020, Шведска беше меѓу десетте земји најтешко погодени од пандемијата на коронавирус. Дневниот број на смртни случаи се искачи над 100, над 500 пациенти заразени со коронавирус беа на интензивна нега, а ситуацијата беше посебно тешка во домовите за стари лица, каде што инфекцијата брзо ги одзеде животите на шведските 80-годишни и 90-годишни …

Дали Шведска цело време беше во право? Read More »

Како „АстраЗенека“ сама ја исфрли својата вакцина


„АстраЗенека“ и ЕУ можеби ја уништија најголемата шанса на Африка да излезе од пандемијата   Адам Џон Ричи би требало треба да слави. Со години, како менаџер на проектот на „Џенер“ институтот на Универзитетот во ОкфордУниверзитетот Jенер на Универзитетот во Оксфорд, тој работеше на правење вакцини за долар или два по доза за светот. Пандемијата …

Како „АстраЗенека“ сама ја исфрли својата вакцина Read More »

На Гренланд „масовно“ се топи мразот


Гренланд – Гренланд во средата загуби огромно количество мраз, што се стопи поради високите температури предизвикани од климатските промени. Според научниците стопената вода е доволна за да ја покрие американската сојузна држава Флорида со 5,1 сантиметри. Тоа е трета најголема загуба на мраз на Гренланд во еден ден од 1950 година. Другите два рекорда се случија …

На Гренланд „масовно“ се топи мразот Read More »

Голем шумски пожар во северозападна Финска


Финска – Пожар што веќе шести ден гори во северозападна Финска опустоши повеќе од 300 хектари шума. Пожарот избувна на 26 јули на околу 25 километри јужно од пристаништето Калајоки и се уште не е ставен под контрола и покрај вчерашниот дожд во регионот. Според пожарникарите за целосно гаснење на огнот ќе бидат потребни неколку недели. …

Голем шумски пожар во северозападна Финска Read More »