Лавров ќе убива Украинци, па ќе лета за Женева да зборува за човекови права


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по масовните убивања во Украина, најслободно ќе лета за Женева на 28 февруари, за да им држи говор на западните лидери за човековите права. Ова тој го најави на неговиот твитер профил.  Тој ќе учествува на седница на  Советот за човекови права на ОН и ќе зборува на […]

Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT


„Можам да разберам – се чувствувам на ист начин – дека емоциите се зголемуваат во овие минути и часови, и дека зборовите како договорот за SWIFT звучат многу остро“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.  „Но, во овие моменти, и покрај […]

Економскиот советник на Олаф Шолц го критикува канцеларот околу двоумењето за Свифт


  Моника Шницер, една од најистакнатите германски економисти и членка на германскиот Совет на економски експерти, кој ја советува владата, денеска посочи дека не било во ред канцеларот Олаф Шолц што се двоумел да ја исклучи Русија од платниот систем Свифт. „Неразбирливо е зошто постои двоумење да се користи Свифт како инструмент за санкционирање. Не […]

Поранешeн украински амбасадор во Брисел: Засрамете се, лидери на ЕУ!


„Може ова ми се последни зборови. Затоа, да ви кажам како се чувствував кога ги слушав лидерите на ЕУ како ги објавуваат своите санкции: треба да се срамите до крајот на животот што не оставивте сами во овој момент да се соочиме со руската агресија“, рече поранешниот амбасадор на Украина во ЕУ, Костијантин Јелисиев. „Вчера […]

Стано: Путин се однесува како нацист


Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја превиди крајната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека се работи за спречување на геноцид и „денацификација“ на Украина. „Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е оној кој го извршува […]

Путин нема да запре кај Украина, предупредува Ходорковски


  Путин не е чист прагматичар и неговите следни потези ќе бидат обоени со емоции, предупреди денеска на прес-конференција Михаил Ходорковски, протеран руски олигарх и критичар на Кремљ. Една од тие емоции ќе биде да се казни НАТО и за тоа Путин треба да оди подалеку од Украина, предупреди тој. На рускиот претседател сигурно му […]

ЕУ се подготвува да го замрзне имотите на Путин и Лавров


  ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата и имотите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс“. Министрите за надворешни работи планираат да го одобрат пакетот санкции попладнево, заедно со голем број мерки против руските банки и индустријата, цитира […]

Украински војници му рекле на руски офицер „оди е.и се“ пред да загинат на остров


  Украинските војници кои загинаа бранејќи остров во Црното Море од бомбардирање од воздух и море, наводно, му рекле на офицер на воен брод на руската морнарица да „оди еби се“ кога побарал да се предадат. Имаше 13 граничари стационирани на Змискиот остров, карпест остров од околу 16 хектари во сопственост на Украина, кој се […]

Зеленски остро до Марио Драги: „Следниот пат ќе се обидам да ја сменам агендата на војната“


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски му возврати на Марио Драги, откако италијанскиот премиер им кажа на новинарите дека тој и Зеленски имале закажан разговор за петок наутро, но повикот не може да се оствари бидејќи Зеленски „повеќе не бил достапен“. Зеленски возврати, твитувајќи: „Денеска во 10:30 часот на влезовите во Чернихив, Хостомел и Мелитопол имаше […]

Зеленски ја критикува Европа за слаб одговор и го повика Путин на преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа што не воведе доволно остри санкции против Москва и го повика рускиот колега Владимир Путин да преговара за „да се спречат човечки жртви“, објави „Фајнешал тајмс“. Во обраќањето до нацијата, Зеленски истакна: „Германскиот канцелар вчера зборуваше за инвазијата врз Украина, дека Европа не видела вакво нешто 75 години. […]

ОН: Руската инвазија може да резултира со околу четири милиони бегалци


Обединетите нации се подготвуваат за до четири милиони бегалци од Украина доколку војната на Русија против земјата продолжи да ескалира. Илјадници веќе се префрлија преку границите во соседните земји, како што се Полска, Молдавија, Словачка и Русија, изјави денеска во Женева портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Агенцијата соопшти дека е подготвена да […]

ЕУ станува хумористична, најавува уште безначајни санкции за Русија


Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, објави дека се подготвува нов бран санкции, откако Киев побара Европската унија посилно да ја присили Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Дополнителниот пакет санкции е „под итна подготовка“, објави Мишел во твит, само неколку часа откако лидерите на ЕУ ги одобрија мерките за кои украинскиот претседател Володимир […]

Нов повик за мобилизација на цивили: „Денес на Украина и требаат сите, не постои старосна граница“


Војската на Украина најави општо регрутирање на населението со цел да се спротивстави на руската агресија. Официјалниот „Твитер“ профил на украинската армија објави покана до сите цивили да се приклучат на војската, без разлика на нивната возраст, со цел да се спротивстават на руската инвазија. Командантот на украинските трупи Јуриј Галушкин најави дека им се […]

Украина е бесна што ЕУ не ја исклучи Русија од системот за плаќање Свифт


  ЕУ се соочи со жестоки негодувања од Киев, откако европските лидери се воздржаа од наметнување на потенцијално најштетните санкции за Русија, дури и кога Кремљ врши инвазија на Украина преку копно, воздух и море. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го изрази својот гнев непосредно пред шефовите на држави и влади на […]

Зошто Путин веднаш го зазеде Чернобил? Напуштената нуклеарна електрана е клучна за инвазијата


Ѕвоната на тревога се огласија на Запад кога руските сили ја окупираа нуклеарната централа Чернобил во раните утрински часови по нејзината инвазија на Украина во четвртокот, па прашањето е зошто Русија би го направила радиоактивното уништување една од нејзините први цели во Украина? Додека само највисоките функционери во Москва можеби го знаат целиот одговор, се […]

Русите десет километри до центарот на Киев, ЕУ и НАТО глумат дека прават нешто


Украина е подготвена да преговара со Русија за да стане неутрална држава, но мора да добие и безбедносни гаранции, изјави  врвниот советник на претседателот Володимир Зеленски. „Украина секогаш  остава простор за преговори. Вклучувајќи го и сега – дури и откако Русија започна целосна инвазија. Оваа војна мора да се прекине. Овие непријателства мора да се […]

Русија забрани британски авиони да влезат во рускиот воздушен простор


Москва денеска забрани сите авиони поврзани со Велика Британија, вклучувајќи и транзитни летови, да влезат во рускиот воздушен простор. Одлуката следува откако рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија, по нападот врз Украина. „Донесена е рестрикција за користење на рускиот воздушен простор, се однесува на летови на авиони во сопственост, изнајмени или […]

Полска соочена со река од бегалци, се најавува хуманитарна криза


Полските власти  организираат прифатилишта за украинските бегалци во сите градови, откако состојбата на границата со Украина стана  многу тешка и бројот на тие што бегаат од земјата веќе достига илјадници. Полските власти досега ги пропуштаа само жените и децата да ја поминат границата, но не и војниците. Вчера околу 100.000 луѓе чекале на граничниот премин […]