Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков


Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков. Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата. „Мораме да дејствуваме сега […]

ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 1.200


Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден. Повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки. […]

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена


Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, се заглавени таму повеќе од 12 дена откако руските сили го зазедоа објектот на првиот ден од инвазијата. Заробени се и 200 украински чувари, кои биле задолжени за безбедноста во моментот на нападот. Како што […]

Москва употребува нелегално оружје, а лаже дека Украина има биолошко


Украинското Министерство за надворешни работи денеска како дезинформација и провокација ги оцени наводите на Руската Федерација за тоа дека во земјата се создава биолошко оружје. Киев наведува дека Русија продолжува да шири дезинформации за оружје за масовно уништување во Украина, соопштија украинските медиуми. „По серијата апсурдни изјави на руски официјални лица за наводното создавање „валкана“ […]

Германија пак ги кочи санкциите кон Русија


БЕРЛИН – Германскиот канцелар Олаф Шолц  силно ги отфрли повиците на САД и Украина за забрана за увоз на руски гас и нафта од страна на ЕУ како дел од меѓународните санкции кон Москва. Една од најмрачните иронии на војната на Путин во Украина е тоа што Европа помага во финансирањето на воената машина на […]

Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап


Швеѓанецот Арманд Дуплантис го собори денеска светскиот рекорд, кој и досега беше во негова сопственост, прескокнувајќи во третиот обид 6.19 метри на митингот во сала во Белград. Дуплантис (22) за еден сантиметар го подобри рекордот од Глазгов, постигнат во февруари 2020 година. Во сопственост на шведскиот атлетичар е и светскиот рекорд на отворено, кога истата […]

Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков


Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи. „Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден“, се наведува во објавата на Твитер. Во врска со овој тежок инцидент остро […]

Штетите врз украинската инфраструктура околу 10 милијарди долари


Украина– Украина има штети од околу 10 милијарди долари на својата инфраструктура откако Русија на 24 февруари ја изврши инвазијата и ги почна нападите во различни делови на земјата, изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков. Повеќето од оштетените објекти ќе бидат санирани за една година, а најтешко погодените во наредните две години, рече […]

Постигнат мал напредок во преговорите меѓу Русија и Украина


  Заврши денешната трета рунда преговори меѓу руската и украинската страна. Според украинскиот преговарач Михајло Подољак има позитивни поместувања во однос на прашањето за сигурноста на хуманитарните коридори.   -Третата рунда преговори заврши. Има мали позитивни движења во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на прописи, со прекин […]

Нехамер: Австрија ќе остане неутрална


Австрија – Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека има намера да работи на тоа својата земја да ја задржи неутралноста во светлината на војната и рускиот напад врз Украина. -Австрија беше неутрална, таа е неутрална и таква ќе остане, изјави Нехамер за време на посетата на Катар. Неутралноста е важна, истакна австрискиот канцелар, додавајќи дека […]

Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци


Франција– Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци доколку продолжи руската инвазија врз Украина и бомбардирањето на градовите, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, јави дописникот на МИА. -Ако продолжат бомбардирањата, ако продолжат неселективните бомбардирања на градовите можеме да очекуваме пет милиони бегалци, прецизираше високиот претставник на Европската унија за надворешни работи […]

Кремљ до Украина: Признајте дека Крим е руски и веднаш ќе престане војната


  Русија бара од Украина да престане со воената акција, да го промени нејзиниот устав за да внесе во него неутралност, да го признае Крим како руска територија и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Донецк и Луганск, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков за Ројтерс изјави дека Москва му кажала […]

Шолц: Европа во моментот не може без рускиот гас и нафта


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин. – Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето […]

Макрон го обвини Путин за морален и политички цинизам


Во интервју за францускиот канал LCI , францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ситуацијата „од ден на ден се влошува“ во Украина и го осуди „моралниот и политичкиот цинизам“ на рускиот претседател Владимир Путин. Руските власти објавија дека на цивилите кои бегаат од украинските градови ќе им биде дозволено да заминат само во Белорусија или […]

Западот е блиску до границата кога не ќе може да избегне директен конфликт со Русија


(CNN)-Милиони животи би можеле да бидат уништени додека се запре опсесијата на Владимир Путин од Студената војна.По помалку од три недели од руската инвазија на Украина – историски бес создаван 30 години – светот со ужас гледа на варварството, човечката трагедија и ужасното уништување предизвикани од наредбите на еден човек. Судбината на Украина покажува дека […]

Руските „хуманитарни коридори“ водат кон Русија и Белорусија


Русија се обидува да манипулира со украинските бегалци барајќи сите хуманитарни коридори да водат кон Русија или Белорусија, изјави денеска висок украински функционер. Вицепремиерката Ирина Верешчук од Украина ја повика Русија да се согласи на прекин на огнот  за да им дозволи на Украинците да се евакуираат кон западниот украински град Лавов. Претходно  руското Министерство […]

Орбан дозволи НАТО трупи да се распоредат во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан потпиша декрет со кој се дозволува распоредување на трупи на НАТО во западна Унгарија и испраќање оружје низ нејзината територија до земјите во воената алијанса. Сепак, Орбан јасно стави до знаење дека Унгарија нема да дозволи смртоносно оружје да минува низ нејзина територија доколку тие се упатат кон Украина. Потегот на […]

Дури 50 руски дипломати протерани од ОН


Вкупно 50 руски дипломати, вклучувајќи ги и членовите на нивните семејства, се враќаат од Њујорк во Москва, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на новинската агенција РИА. Дипломатите се протерани заради активности што не се во согласност со нивните одговорности и обврски како дипломати.

„Нашите синови беа испратени во Украина како топовско месо“: гневни мајки на руските војници го обвинуваат Кремљ дека лаже


  Мајките на руските војници испратени во Украина го обвинија Кремљ дека ги користи нивните синови како топовско месо, откако на регионалниот гувернер му се испушти дека војниците биле испратени неподготвени за битка, пишува „Дејли мејл“. Се појави видео од моментот кога Сергеј Цивиев, гувернерот на регионот Кузбас во Сибир, случајно им открил на еден […]

Кулеба и Лавров ќе се сретнат в четврток во Анталија


 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договорија да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, објави денеска турскиот МНР, Мевлут Чавушоглу. Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија […]