МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил


Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН. „Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти […]

САД испраќаат дополнителни системи „Патриот“ во Полска како засилување


САД испраќаат две ракетни батерии „Патриот“ во Полска како „одбранбено распоредување“ што ќе се спротивстави на каква било потенцијална закана за сојузниците на НАТО за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на Европската команда (ЕУКОМ). „По инструкции на министерот за одбрана и на покана на нашите полски сојузници, генерал Волтерс, командант на европската […]

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ќе патува за Полска и Романија


Потпретседателката на САД, Камала Харис, утре ќе отпатува за Полска и Романија, во знак на поддршка на двете држави од аспект на ситуацијата во Украина и на активностите што се спроведуваат за прифат на бегалци од соседната држава. Од федералната администрација на САД посочуваат дека средбите на Харис со полските и романските власти ќе бидат […]

Донесена првата пресуда за минатогодишниот упад во зградата на Конгресот во Вашингтон


Гај Рефит од Тексас е првиот осуден од осомничените за масовните немири во Вашингтон од 6 јануари минатата година што резултираа со упад на приврзаници на Доналд Трамп во административната зграда на Капитол хил. Рефит е прогласен виновен по сите пет точки од обвинението, што меѓу другото го товари за внесување огнено оружје во Капитол […]

Серија експлозии во Киев и околината


Рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си. Британскиот јавен сервис, повикувајќи се на извештаи од новинари од теренот, наведува дека одекнале серија експлозии. Сирените за воздушен напад се огласиле по шест часот по локално време.

Велика Британија вели дека украинската воздушна одбрана има значителен успех против руските авиони


Велика Британија денеска објави дека украинската воздушна одбрана има успех против руските авиони, што веројатно ја спречува Русија да го контролира воздушниот простор. „Изгледа дека украинската противвоздушна одбрана има значителен успех против современите борбени авиони на Русија, веројатно спречувајќи ги да постигнат каков било степен на контрола во воздухот“, се вели во ажурирањето на податоци […]

ОН: Ковид-19 пандемијата може да се пролонгира поради нееднаквата дистрибуција на вакцините низ светот


Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од шест милиони смртни случаи, а безброј луѓе […]

Шест американски држави на мета на кинеска хакерска група


Најмалку шест американски држави биле мета на хакери од Кина кои за нападите ги користиле пропустите и слабостите на веб-програмите, соопшти компанијата за кибер безбедност „Мандиант“. Според извештајот на „Мандиант“, станува збор за опсежна кампања спроведена од кинеската хакерска група „APT41“. Од мај минатата година со февруари годинава групата успеала да компромитира најмалку шест државни […]

Поенти: Офанзивата на Русија врз Украина продолжува 12 дена


Офанзивата на Русија врз Украина продолжува и денеска, но со значително побавно темпо, соопштија вооружените сили на Украина. НЕДОСТИГ НА МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛИ СЗО предупреди дека нападите врз украинските болници, амбулантите и другите здравствени установи „брзо“ се зголемиле во последните денови и дека виталните медицински материјали се при крај. Агенцијата на ОН соопшти дека работи на […]

Санкциите на САД не опфаќаат увозо на ураниум од Русија


Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина […]

Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион


Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“. Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер […]

Полска ќе ѝ даде борбени авиони „миг-29“ на Украина


  Полска ќе ѝ даде на Украина борбени авиони „миг-29“, што е голем чекор кон зајакнување на капацитетите на воздухопловните сили на Украина во борбата против руската инвазија, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи. „Властите на Република Полска, по консултации меѓу претседателот и владата, се подготвени веднаш и бесплатно да ги […]

Би-Би-Си вечерва одлучи – продолжува со известување од Русија


Англија – Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија. Би-Би-Си во петокот соопшти дека го прекинала известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој еден за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести, […]

Зеленски доби стоечки овации во британскиот парламент


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево доби овации од сите пратеници на Велика Британија кога се обрати пред британскиот парламент преку видео врска. Зеленски ги опиша првите 13 дена од војната во неговата земја, раскажувајќи за воздушните напади, непроспиените ноќи, руските барања да се остави оружјето, артилериското гранатирање, заробувањето на руските борци, нападот кај Бабин […]

ЦИА соопшти дека загинале 2.000-4.000 руски војници


  Помеѓу 2.000 и 4.000 руски војници се убиени во инвазијата на Украина, изјави шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува Ројтерс. Дипломатот ветеран, поранешен американски амбасадор во Москва, исто така рече дека САД направиле „интензивно споделување разузнавачки информации“ со Украина, вклучително и детали за руското воено планирање и продолжуваат да го прават тоа секојдневно. Малку […]

Градоначалникот на Харков ја обвинува Русија за геноцид


 Градоначалникот на украинскиот град Харков ги обвини руските сили дека намерно гранатираат цивилна инфраструктура. „Напади има врз градинки, училишта, болници, клиники“, изјави градоначалникот Ихор Терехов денеска за Си-Ен-Ен, јавува ДПА. „Кога се стотици и стотици цивилни згради, тогаш тоа не е несреќа. Тоа е таргетиран напад“, изјави Терехов, додавајќи дека „го смета ова за акт […]

ОХЦХР: Има извештаи за насилство врз проруски граѓани во Украина


Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЧР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската Влада, изјави денеска високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле. На 49-та седница на Советот за човекови права на ОН, таа […]

Изминатата година значително се деградирани правата на жените


Правата на жените и девојките се загрозени минатата година, објави денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел (АИ). – Настаните од 2021 година и првите месеци од 2022 година сковаа заговор да ги уништат правата и достоинството на милиони жени и девојки, истакна генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар. Таа додаде „светските кризи не влијаат […]

Рускиот генерал Герасимов убиен во Украина


  Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека рускиот генерал Виталиј Герасимов е убиен во близина на Харков. Русија не ја потврди оваа информација. Според украинската служба, Герасимов бил генерал-мајор и прв заменик-командант на руската 41 армија. Убиени или ранети се и неколку други руски офицери, според украинската страна, а пренесува Би-би-си. Според украинската страна, Герасимов […]

Борел: Русија оди кон целосна изолација на своите граѓани


Шефот на дипломатија на ЕУ Жосеп Борел денеска изјави дека Кремљ манипулира со информациите за руската воена кампања во Укрaина, со цел да шири дезинформации меѓу сопствените граѓани, но и да ја наруши стабилноста и безбедноста во Европа. Борел, истовремено ги отфрли критиките дека ЕУ со забраната за емитување на програмите на „Раша Тудеј“ и […]