Многу функционери на Кремљ сакале да поднесат оставки – но не можат


  Две недели од руската инвазија на Украина, бомбардирањето на цивилите и масивните санкции на Западот предизвика неверување во голем дел од руското општество. Иако поради екстремно строгата цензура малку се знае што се случува во владините и други ешалони, забранетата од Кремљ веб-страница „Медуза“ се обиде да открие дали врвните руски функционери биле подготвени […]

НАТО се засилува во Источна Европа


Чешката влада денеска одобри праќање 650 војници во соседна Словачка за да го зајакне источното крило на НАТО, соопшти министерството за одбрана. Таму треба да се распоредени до 30 јуни 2023 година, но одлуката мора да ја потврди парламентот, во кој владата има големо мнозинство. Околу 50 од планираните 650 војници ќе подигнат и ќе […]

Киев: 14.500 доброволци се приклучиле на украинските сили во последните неколку дена


Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската инвазија. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата. Во соопштението, Генералштабот на Украина, тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од […]

Британија ќе испрати уште оружје во Украина


Британскиот министер за одбрана Бен Валас најави дека неговата земја ќе ги зголеми испораките на оружје за Украина за да може земјата да се одбрани од руската инвазија. Британија досега испорача 2.000 противтенковски проектили NLAW на Украина, а Валас денеска пред пратениците изјави дека ќе бидат испратени уште 1.615. Дополнително, Британија во Украина ќе и испорача мала […]

Што велат Русите за состојбата во Русија?


  Киргистан никогаш не видел толку многу гости од Русија во исто време. Сите хотели, хостели и ресторани се преполни со Руси кои ја напуштија својата татковина заради „специјалната операција“ и зголемената репресија против дисидентите. Илја Азар, специјален дописник за „Новаја газета“ разговараше со Русите за тоа што ги натерало да ја напуштат Русија, какви […]

Повторно закана од Чернобил, му треба итна поправка


 Украинскиот министер за надворешни работи повика на прекин на огнот за да се овозможи извршување поправки за да се врати снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил. Државниот електроенергетски оператор на Украина претходно соопшти дека руските сили ја исклучиле нуклеарната централа од мрежата. „Енергоатом“, украинската државна нуклеарна компанија, предупреди дека ситуацијата може да предзвика […]

Во Русија снемува лекови


  Русија се соочува со намалување на лековите бидејќи цената на увозот вртоглаво расте, а Русите почнаа да се трупаат залихи, а властите тврдат дека залихите може да истечат за 3 до 6 месеци, пишува весникот „Комерсант“. Иако повеќе од три четвртини од материјалите за лековите пристигнуваат во Русија од Индија и Кина, западните санкции […]

ЕУ воведе уште санкции против Русија, а исклучи и три белоруски банки од Свифт


  Европската унија одлучи да ги прошири санкциите против Москва и Минск поради руската инвазија на Украина, меѓу другото и со исклучување на три белоруски банки од меѓународната финансиска платформа Свифт, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ. На состанокот во Брисел, претставниците на земјите-членки на ЕУ додадоа уште имиња на руските функционери и олигарси […]

Лидерите на Саудиска Арабија и ОАЕ не му кревале телефон на Бајден


  Де-факто лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати одбија да договорат разговори со американскиот претседател Џо Бајден во последниве недели, бидејќи САД и нивните сојузници се обидоа да го задржат порастот на цените на енергијата предизвикан од руската инвазија на Украина. Според „Волстрит џорнал“, цитирајќи ги официјалните претставници на Блискиот Исток и САД, […]

Најмалку 150 новинари ја напуштија Русија по воведувањето драконски закони


  Се верува дека најмалку 150 новинари побегнале од Русија во последните денови, бидејќи властите презедоа акција да го задушат она што остана од независните медиуми во земјата поради инвазијата на Москва на Украина, објави во новинската веб-страница „Агентство“. Новиот закон потпишан од претседателот Владимир Путин во петокот го казнува ширењето „свесно лажни информации“ за […]

Германија од 20 март ги укинува епидемиолошките мерки


Германија – Германија на 20 март ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах. „Мислам дека постигнавме добар компромис кој се […]

Австрија привремено ја стопира задолжителната вакцинација против Ковид-19


Австрија- Австриската Влада денеска донесе одлука за привремена суспензија на примената на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот, врз основа на извештајот на експертска комисија. Министерката за уставни прашања Каролин Едштадлер на прес-конференција по владината седница истакна дека задолжителната вакцинација поради сојот омикрон не е пропорционална мерка. Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч најави дека […]

Русите што се против војната масовно ја напуштаат земјата, го наполнија Киргистан


  БИШКЕК, Киргистан – Кога пријателите на Кирил Шамиев почнаа да зборуваат за воена состојба, тој сфати дека е време да ја напушти Русија. Една недела од руската инвазија на Украина, Шамиев – 29-годишен докторанд од Санкт Петербург – почна да се грижи дека тој самиот може да биде мобилизиран или едноставно да биде заробен […]

Руските сили ќе престанат да пукаат, подготвени се коридори за Киев и други градови


 Руските сили соопштија дека ќе престанат да пукаат почнувајќи од 10 часот по московско време денеска и се подготвени да обезбедат коридори за цивилите да можат да се евакуираат од Киев и четири други градови. – САД ќе испратат две противракетни батерии „Патриот“ стационирани во Европа во Полска за да ја зајакнат својата одбрана од […]

Ковид може да предизвика намалување на мозокот, открива студија


Англија- Ковид-19 може да предизвика намалување на мозокот и оштетување на ткивото, при што некои пациенти доживуваат трипати поголема дегенерација на мозокот од оние кои не се заразиле со вирусот, според студијата на Универзитетот во Оксфорд. Студијата опфатила 785 учесници во ОК на возраст меѓу 51 и 81 година, од кои сите имале две скенирања […]

Дмитро Кулеба за „Вашингтон пост“: Светот може да направи повеќе за Украина


Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во текст за „Вашингтон пост“ ја повика меѓународната заедница да направи повеќе за Украина. -Со децении, светските лидери ги наведнуваа главите пред воените споменици во Европа и свечено кажуваа: „Никогаш повеќе“. Време е да докажеме дека тоа не беа празни зборови. Русија почна војна на омраза и […]

Кинескиот Црвен крст со помош од 791.540 долари за Украина


 Кинескиот Црвен крст ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од пет милиони јуани, или 791.540 долари, за Украина, изјави денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, јавија британски медиуми. Руската инвазија врз Украина минатиот месец натера над два милионa Украинци да побегнат во странство. Оние кои останаа во Мариупол, многу брзо беа […]

САД рекоа не за праќањето полски авиони во Украина


  САД го одбија предлогот на Полска за испраќање на нејзините борбени авиони „миг-29“ во Украина преку американска база во Германија, велејќи дека ова предизвикало сериозна загриженост за целата НАТО алијанса.   Полската влада вчера ја испратила изненадувачката понуда, по постојаните повици на украинскиот претседател Зеленски да се затвори небото над Украина или на земјата […]

Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија


Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија. Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да […]

Москва тврди дека Украина подготвувала воена интервенција во Донбас


Руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас. „Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна […]