СБ на ОН ќе расправа по тврдењата на Москва дека САД разработуваат биолошко оружје во Украина


Советот за безбедност на ОН ќе се состане денеска на барање на Русија, на расправа по однос тврдењата на Москва дека САД финансираат разработка на биолошко оружје во капацитети во Украина. „Руската мисија побара состанок на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД во Украина“, објави […]

Колумбија ќе добие статус на стратешки партнер на САД


Американскиот претседател Џо Бајден на средбата во Белата куќа со колумбискиот претседател, Иван Дуке, му ги пренел намерите за прогласување на Колумбија за стратешки партнер и главен сојузник на САД надвор од НАТО. На средбата била изразена обострана согласност за поддршка на регионалниот договор за миграција што треба да биде потпишан на Американскиот самит закажан […]

„Фејсбук“ дозволува говор на омраза кога станува збор за осуда на руската инвазија врз Украина


Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи“, не и за искажување закани против цивили. Таквата одлука на технолошкиот гигант веднаш предизвика поделени и спротивставени […]

Самит на ЕУ во Версај: „Украина е дел од нашето европско семејство“


„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“, објавија лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА. […]

Јапонија замрзнува средства на три белоруски банки


Јапонија ќе ги замрзне средствата на три белоруски банки, соопшти владата  синоќа, неколку дена откако земјите на ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Минск поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина. Трите банки што ќе бидат санкционирани со замрзнувањето на имотот на Јапонија се Белагропромбанк, Банката Дабрабит и Банката за развој на […]

Цивилни цели погодени утрово во украинскиот град Днипро


Цивилни цели се под руско гранатирање во централниот украински град Днипро утрово, при што има жртви, соопштија службите за итни случаи. Тоа е првиот директен напад врз градот. „Утрово, имаше три воздушни напади врз градот, погодени се градинка, станбена зграда и двокатна фабрика за чевли, при што избувна пожар. Едно лице загина“, се вели во […]

СЗО препорача Украина да ги уништи патогените во лабораториите


Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението. Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени […]

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил


Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“. .Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето […]

Туск за инвазијата на Русија: Секоја отстапка ќе биде искористена против нас


Поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре нејзиниот напад врз Украина. – Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас, рече Туск. – Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема […]

Макрон: Со земја во војна не може да се преговара за членство во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина „не се прифатливи за никого“. – Не гледам дипломатско решение во наредните часови, па дури и денови, им рече Макрон на новинарите во Версај пред Самитот на Европската унија, кој ќе се фокусира на руската […]

Зеленски: Русите сакаат Украинците на колена да молат за леб и вода


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“. – Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови, рече Зеленски. Тој ги спомна коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми. […]

Повторно расте бројот на новозаразени со корона вирусот во Германија


Од средината на февруари Германија ги олесни рестриктивните мерки против Ковид-19 откако почна да се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот, но тој тренд се промени од минатата недела, јави ДПА. Со денови бројките се зголемуваат, што се толкува како предупредување за шести бран на пандемијата и повторни повици луѓето да се вакцинираат. Националниот институт за контрола на болести денеска регистрира рекорден број од 262.752 случаи на […]

Австрија втор ден по ред со рекорден број новозаразени со Ковид-19


Австрија– Австрија денеска регистрира нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, и тоа втор ден по ред, соопштија локалните власти. Како што пренесе ДПА, откако вчера беа регистрирани речиси 48.000 нови случаи, денеска таа бројка достигна скоро 50.000. Експертите ја критикуваат одлуката на австриската Влада да ги укине скоро сите преостанати ограничувања за Ковид-19 од 5 […]

Баздникин тврди манекенка глумела нападната трудница, твитерџиите прашуваат- а тоа црвеното да не е кечап?


  Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин,кој вчера тврдеше дека сите видеа кои покажуваат разурнати станбени и цивилни објекти се лажни и дека Русија не напаѓа цивилни цели, денес продолжи со ново фантастично тврдење – дека болницата во Мариупол била таргетирана, но во неа имало војници од Азов батаљонот а не трудници, така што тие […]

Сателитски снимки од уништувањето на Мариупол


  Москва упорно тврди дека руските војски не напаѓаат цивилни цели, туку само воена инфраструктура. Тоа денеска го тврдеше и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, по неуспешните разговори со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Иако телевизиските снимки и фотографиите покажуваат драматични сцени од разурнувањата на цивилни објекти – болници, училишта, молови, станбени згради. Еве […]

Британските карти на руските напади: Никаде не напредуваат


Британското министерство за одбрана објави нова карта на руските напади во Укарина. Со црвени стрелку означени се насоките на напад, а со испрекинати црвени стрелки означени се потенцијалните насоки на напад, ако руските трупи остварат напредок. Со црвена боја означено е подрачјето кое го контролираат Русите. Речиси и да нема напредување Кога оваа карта ќе […]

Црвен крст: Луѓето во Мариупол се напаѓаат меѓусебно за храна


Црвениот крст ја опиша како катастрофална ситуацијата во Мариупол, украинскиот пристанишен град кој е под опсада на руските сили. Во Мариупол со денови паѓаат бомби и гранати, а Русите вчера ги бомбардираа родилиштето и детската болница во Мариупол, јавуваат светските агенции. Саша Волков, шеф на делегацијата на Црвениот крст во Мариупол, рече дека добива извештаи оти резервите […]

Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква


Шпанските пратеници ја одобрија првата формална истрага за сексуална злоупотреба на деца во Католичката црква во Шпанија, гласајќи за формирање експертска комисија која ќе ја води истрагата. Текстот, кој предвидува формирање на независна комисија за истражување на „одвратните дејствија на поединци против незаштитени деца“, беше изгласан со 286 гласа „за“, 51 „против“ и два воздржани. Досега […]

Харис: Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага


Американскиот потпретседател Камала Харис денеска во Варшава, по разговорите со највисоките полски претставници, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, за да се договори за понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со […]

Шредер ќе преговара со Путин за Украина


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер  во моментов е во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата, според „Политико“ е дел од преговарачките напори  да се стави крај на војната во Украина. Претходно други медиуми јавија дека Путин имал телефонски разговори денес со претседателот на Франција, Емануел Макрон и со германскиот канцелар, […]