Шпанија најави шест милијадри евра директна помош поради војната во Украина


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го претстави планот да понуди шест милијарди евра (6,7 милијарди долари) директна помош за домаќинствата и за стопанството за надминување на економските последици од руската инвазија врз Украина.

Санчез појасни дека планот предвидува приближно шест милијарди евра наменети што за директна помош, што за даночни олеснувања, како и десет милијарди евра во форма на заеми загарантирани од Владата за ублажување на влијанието на кризата врз семејствата и бизнисите.

Вонредниот план за поддршка треба да биде одобрен на утрешниот состанокот на Владата, а да стапи во сила до 30 јуни.