Како единица од 30 Украинци го запре огромниот руски конвој пред Киев

Специјални сили со дронови, кои им се приближија на русите сили ноќе на мотори со четири тркала и со мали бомби, го закочија челото на колоната уништувајќи тенкови. Подоцна извршија и други напади на колоната која се подели


Руската колона која одеше кон Киев беше долга 65 километри

 

Една недела по почетокот на инвазијата на Украина, Русија состави механизирана колона долга 65 километри со која имаше намера да изврши силен напад врз Киев од север, пишува Гардијан.

Но, конвојот од оклопни возила и камиони за снабдување беше запрен за неколку дена, а офанзивата не успеа, главно поради серијата ноќни заседи извршени од тим од 30 украински специјални сили и оператори на беспилотни летала на на мотори со четири тркала, вели украинскиот командант за лондонски „Гардијан“.

Операторите на беспилотни летала пристигнаа од единицата за воздушно извидување, Аеророзвидка, која беше формирана пред осум години и се состои од група доброволни ИТ експерти и хобисти кои дизајнираа свои уреди, а кои подоцна се развија во многу важен елемент на отпорот на Украина кон руските сили.

Додека западните земји ја снабдуваа украинската армија со илјадници противтенковски и противвоздушни ракети и друга воена опрема, Аеророзвидка мораше да прибегне кон заедничко финансирање и мрежа на лични контакти за да продолжи со својата работа, набавувајќи компоненти како што се напредни модеми и термални камери и покрај забраните за извоз на такви уреди во Украина.

Командантот на единицата, потполковник Јарослав Хончар, раскажува како течела оваа битка на Давид против Голијат. Тој рече дека поставиле заседа во близина на градот Иванкив, која помогнала да се запре огромната руска офанзива. Тој вели дека четворица украински борци на квадови (мороти на четири тркала) успеале да му се приближат на рускиот конвој ноче возејќи низ шумата од двете страни на патот што води јужно од Чернобил до Киев.

Украинските војници биле опремени со очила за ноќно гледање, снајперски пушки, мини за далечинско детонирање, беспилотни летала опремени со камери за термичка слика, како и оние кои можат да фрлаат мали бомби до 1,5 кг.

„Само една мала единица уништи две или три возила на чело на оваа колона во текот на ноќта, по што колоната запре. Нашите борци останаа таму уште две ноќи и уништија многу возила“, рече Хончар.

Дронот опремен со мала бомба на специјалната единица Аеророзвидка

Русите ја поделија колоната на помали единици и се обидоа да напредуваат кон главниот град на Украина, но истиот напаѓачки тим успеа да ги нападне возилата за снабдување, со што ја осакатуваше способноста на Русите да напредуваат.

„Првиот ешалон на руските сили остана без греење, без нафта, без бомби и без гас. И сето тоа е дело на овие 30 луѓе“, рече Хончар.

Единицата Аеророзвидка, исто така, тврди дека на првиот ден од војната помогнала да се одбие руски воздушен напад на аеродромот Хостомел, северозападно од Киев, користејќи беспилотни летала за лоцирање, таргетирање и застрелување на околу 200 руски падобранци кои се криеле на едниот крај од аеродромот.

„Ова во голема мера придонесе за фактот дека тие повеќе не можеа да го користат овој аеродром за понатамошен развој на нивниот напад“, рече поручник Тарас, еден од помошниците на Хончар.

Деталите за овие тврдења не можат да бидат независно проверени, но претставниците на американската одбрана велат дека украинските напади придонеле за запирање на оклопната колона околу Иванкив. Голем број воздушни снимки од борбите што ги објавија Украинците, нагласуваат колку дроновите се важни за нивниот отпор.

Оваа единица беше основана од млади Украинци образовани со универзитет, кои учествуваа во востанието на Мајдан во 2014 година и доброволно ги ставија своите технички вештини достапни на отпорот за време на инвазијата на Крим и регионот на Донбас. Нејзиниот основач, Володимир Кочетков-Сукач, бил инвестициски банкар и бил убиен во операција во 2015 година во Донбас – потсетување колку се опасни овие операции. Имено, Русите можат да го откријат електронскиот потпис на дронот и брзо да го погодат со минофрлач, па затоа екипите на Аеророзвидка мора да ги лансираат беспилотните летала и потоа брзо да избегаат.

Хончар е поранешен војник кој стана маркетинг консултант за ИТ и кој се врати во војската по руската инвазија. Тарас беше менаџмент консултант, специјализиран за собирање средства и се приклучи на единицата дури во февруари како борец.

Еден од нападите со дрон на колоната руски тенкови во Бровари, источно предградие на Киев

Во својот зачеток, единицата користела дронови за комерцијален надзор, но нејзиниот тим од инженери, софтверски дизајнери и ентузијасти за дронови подоцна развиле свои дизајни.

Тие создадоа серија дронови за надзор, како и големи машини со осум пропелери од 1,5 метри кои можат да фрлаат бомби и ракетни гранати, создавајќи систем наречен „Делта“, мрежа од сензори долж целата линија на фронтот што создава дигитална мапа за командантите можеа да го видат движењето на непријателот. Тие сега го користат сателитскиот систем „Старлинк“ кој во Украина го испорача Илон Маск и преку него во живо пренесуваат податоци до украинските артилериски единици за да можат да се ориентираат кон руските цели.

Единицата беше распуштена во 2019 година од страна на тогашниот министер за одбрана, но беше набрзина повторно беше вратена во употреба во октомври минатата година кога се наѕираше заканата од руска инвазија над Украина.

Способноста да се гледа од воздух на движењето на руските сили беше клучна за успехот на тактиката на герилско војување на Украина. Сепак, напорите на Аеророзвидка да ја прошири и замени изгубената опрема беа попречени од ограниченото снабдување со дронови и компоненти. Некои од напредните модеми и термални камери произведени во САД и Канада се предмет на контрола на извозот, па единицата повторно прибегна кон групно финансирање и побара од глобалната мрежа на пријатели и поддржувачи да ја најдат потребната опрема на eBay или на други веб-локации.

Единицата исто така бара начини да го надмине руското попречување, дел од електронската војна што се води во Украина паралелно со гранатирање и лансирање проектили. Во моментов, Аеророзвидка обично чека Русите да ја исклучат нивната опрема за попречување за да лансираат свои дронови, а потоа во исто време ги испраќаат своите машини. Единицата потоа цели на руски возила за електронско војување.

Хончар вели дека ваквите технолошки битки и начинот на борба на Аеророзвидка се иднината на војната, во која роеви од мали тимови вмрежни со напредна комуникација можат да надминат многу поголем и потежок вооружен противник.

„Ние сме како пчеларник. Една пчела не е ништо, но ако ги има илјадници, тие можат да победат голем противник. Ние сме како пчели, само работиме ноќе“.