Аеродромот во Кувајт во пламен, причината непозната


Пожарникарите се обидуваат да изгасат пожар кој изби на новиот терминал во изградба на меѓународниот аеродром во кувајт, соопштија власитите.

Портпаролот на кувајтското Министерство за внатрешни работи изјави за АП дека причината за пожарот уште не е позната и дека во овој момент не се знае дали има повредени.

На социјалните медиуми објавени се фотографии на кои се гледа темен чад како излегува од авион на писта, пренесе АП.

Како што се наведува, некои летови денеска се одложени, иако властите на цивилното воздухоплосвство тврдат дека тоа не е поради пожарот.