Полска треба да плаќа 500.000 евра дневно на ЕК за одбивање да затвори рудник


Полска ќе мора да плати дневна казна од 500.000 евра на Европската комисија за прекршување на претходна судска одлука за прекин на работа на рудникот за лигнит во Туров. Ова го соопшти Судот на правдата на Европската унија. Полска зависна од јаглен е во конфликт со Чешка, која вели дека спорниот рудник ги оштетува заедниците …

Полска треба да плаќа 500.000 евра дневно на ЕК за одбивање да затвори рудник Read More »

СЗО препорачува зголемување на акцизата за алкохол во Европа заради борба против ракот


Светската здравствена организација препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на речиси 5.000 смртни случаи од рак секоја година. Зголемувањето на акцизите за алкохолни пијалоци е „една од најдобрите мерки“ за спречување на „потенцијално висок удар“ на ракот, соопшти европската канцеларија на СЗО, додавајќи дека најголема корист ќе имаат …

СЗО препорачува зголемување на акцизата за алкохол во Европа заради борба против ракот Read More »

САД од ноември без рестрикции за странски патувања во земјата


САД- САД во ноември ги отвараат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од Администрација во Вашингтон.  Со ова, се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории без американско државјанство или легално престој, воведени си цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со олабавувањето …

САД од ноември без рестрикции за странски патувања во земјата Read More »

Франција најверојатно нема да даде согласност за договорот ЕУ-Австралија, тврди „Политико“


Преговорите за договор меѓу ЕУ и Австралија најверојатно ќе бидат прекинати поради противење Франција на која Канбера и откажа договор за подморници вреден милијарди, јави Политико. Според изјави на француски претставници државата тешко дека ќе учествува во такви разговори. Досега се одржани единаесет работни состаноци каде се бара голем комерцијален договор. Австралиската влада се обидува …

Франција најверојатно нема да даде согласност за договорот ЕУ-Австралија, тврди „Политико“ Read More »

(Видео) Торнада низ Италија


Северниот дел на Италија вчера беше погоден од низа торнада. Предизвикана е голема материјална штета, но нема жртви. Во подрачјата на Милано и Торино дојде до силни поплави, а на некои места паднаа 220 мм дожд на квадратен метар за 24 часа.  Силната бура корнеше дрвја, сарветни столбови, а најлошо беше во Ломбардија, која ја …

(Видео) Торнада низ Италија Read More »

Гутереш ги предупреди Кина и САД да избегнат нова студена војна


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди на можноста од нова студена војна и ги повика Кина и САД да го поправат својот „целосно нефункционален“ однос пред проблемите меѓу двете суперсили да се прелеат на остатокот од планетата.   „Двете големи светски економски сили би требало да соработуваат во областа на климата и поактивно …

Гутереш ги предупреди Кина и САД да избегнат нова студена војна Read More »

Вакцините на Фајзер против коронавирус се ефикасни и безбедни за деца на возраст од пет до 11 години


САД – Компанијата Фајзер денеска соопшти дека нејзината вакцина против коронаирусот е ефикасна и безбедна за деца на возраст од пет до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе побара одобрување од американските власти за употреба.   Вакцината, произведена од американски Фајзер и германскиот партнер БиоНТек, веќе се користи за имунизација на деца постари од 12 …

Вакцините на Фајзер против коронавирус се ефикасни и безбедни за деца на возраст од пет до 11 години Read More »

Маж застрела пет лица во Шпанија, бремена жена го загуби бебето


Маж застрела пет лица кои утрово присуствувале на забава на отворено во шпанскиот град Сабадел во близина на Барселона, јави ДПА. Една од жртвите, седуммесечна бремена жена, го загуби своето бебе по здобиените повреди, јави весникот Ла Вангуардија, повикувајќи се на полициско соопштение. Друга жртва е тешко повредена, со четири куршуми. Неговата девојка изјавила во …

Маж застрела пет лица во Шпанија, бремена жена го загуби бебето Read More »

Истражување: Секој трет пациент има долгорочни проблеми по Ковид-19


Новата студија објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) откри дека приближно едно од три лица кои имале Ковид-19 пријавиле дека страдаат од симптоми два месеца подоцна.   Студија спроведена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни на коронавирусот пријавиле барем еден симптом на болеста …

Истражување: Секој трет пациент има долгорочни проблеми по Ковид-19 Read More »

(Видео) Проработе вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5.000 луѓе


Шпанските власти евакуираа 5.000 луѓе од повеќе села на канарскиот остров Ла Палма каде се активира вулканот, изјавија денеска локалните власти. Лавата веќе проголта 20 куќи во селото Ел Пасо и делови од патишта, рече градоначалникот Серхио Родригез за радиот ТВЕ, пренесе Ројтерс. Сега се шири кој соседното село Лос Љанос де Аридане каде во …

(Видео) Проработе вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5.000 луѓе Read More »

Париз ја откажа средбата со британскиот министер за одбрана поради спорната продажба на подморници


Франција го откажа состанокот на министерката за одбрана Флоренс Парли со британскиот колега Бен Валас, закажан за следната недела, откако Австралија го раскина профитабилниот договор за набавка на подморници со Франција, избирајќи договор со Вашингтон и Лондон, изјавија два извори за Ројтерс. Парли лично ја донесе одлуката за откажување на билатералната средба со британскиот министер …

Париз ја откажа средбата со британскиот министер за одбрана поради спорната продажба на подморници Read More »

 Оваа недела Германците ќе ја сменат Европа без да сакаат


Избори на кои е најпопуларниот политичар е на власт и не се бори за реизбор, а учесниците не се доволно атрактивни – со таква опција се соочуваат Германците оваа недела. Во исто време, гласањето во најголемата европска економија не е неинтересно бидејќи исходот е непознат и неизбежно ќе влијае на Европа и нејзината политичка и …

 Оваа недела Германците ќе ја сменат Европа без да сакаат Read More »

Најмалку осум загинати во пукање во универзитетот во градот Перм во Русија


Најмалку осум мртви и околу 20 ранети лица, соопштиле денеска претставници од истражните служби, како што јавува новинската агенција Интерфакс. Според изјава на надлежно лице од универзитеот, напаѓачот во меѓувреме е убиен, претходно беше кажано дека тој е уапсен, пренесува Дојче веле. Студентите од кампусот го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, …

Најмалку осум загинати во пукање во универзитетот во градот Перм во Русија Read More »

Некој пука во руски универзитет – има загинати


Непознато лице почнало да пука во Пермскиот државен универзитет во Русија. Како штоо јавуваат руските медиуми, има загинати. „непознато лице влезе на територијата на Пермскиот државен универзитет и почна да пука на студентите и професорите. Има загинати и повредени“, вели неименуван извор од Итната помош. Во извештаите се јавува дека луѓето бегаат од универзитетот, пренесе …

Некој пука во руски универзитет – има загинати Read More »

Морисон: Пропаднатиот договор со Франција е во интерес на Австралија


Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека е во национален интерес на неговата земја да го раскине договорот од 2016 година со Франција за купување подморници. – Јасно е дека другата страна во договорот (кога ќе биде раскинат) ќе биде вознемирена и разочарана. Јас го разбирам тоа, но исто така, сигурен сум, ќе биде јасно дека …

Морисон: Пропаднатиот договор со Франција е во интерес на Австралија Read More »

Русија: Пет партии влегуваат во Државната дума, „Единствена Русија“ со убедливо водство


Пет партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално – демократската партија, „Праведна Русија – за вистината“ и „Нови луѓе“ влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија. – Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, …

Русија: Пет партии влегуваат во Државната дума, „Единствена Русија“ со убедливо водство Read More »

Во Британија започнува вакцинацијата со трета доза


Во Велика Британија од денеска започнува вакцинацијата против Ковид 19 со трета доза. Покани за трета вакцина ќе бидат испратени до околу 1,5 милиони луѓе во Англија. Овие акции се дел од програмата на британската Влада за подобрување на имунолошкиот систем на медицинските лица и најранливите Британци. Министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека бустер …

Во Британија започнува вакцинацијата со трета доза Read More »

Фаучи: Како да избегнеме еден милион жртви од коронавирус во САД?


Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, се надева дека благодарение на масовната кампања за вакцинација, бројот на починати од коронавирус во земјата нема да надмине еден милион луѓе, јави Си-Ен-Ен. – Се надевам дека тоа нема да се случи, рече тој. И сигурен сум дека таквото сценарио не може да се смета за неизбежно. …

Фаучи: Како да избегнеме еден милион жртви од коронавирус во САД? Read More »

Талибанците им наредија на жените вработени во институциите во Кабул да останат дома


 Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а на работа можат да одат само оние кои не можат да бидат заменети со мажи, изјави денеска привремениот градоначалник на главниот град на Авганистан, Хамдулах Намони. Ова е показател дека талибанците, кои го зазедоа Кабул пред еден месец, го спроведуваат …

Талибанците им наредија на жените вработени во институциите во Кабул да останат дома Read More »

Светските лидери се враќаат во ОН со фокус на пандемијата и климата


Една третина од 193-членки на ОН сепак ќе ги испратат обраќањата на своите лидери преку видео   Светските лидери се враќаат во Обединетите нации во Њујорк оваа недела со фокус на зајакнување на напорите за борба и против климатските промени и за пандемијата Ковид-19, што минатата година ги принуди да испратат видео-изјави за годишниот собир. …

Светските лидери се враќаат во ОН со фокус на пандемијата и климата Read More »