Најмалку 50 загинати Хазари во бомбашки напад во Кундуз, Авганистан


Најмалку 50 луѓе загинаа во бомбашки напад врз шиитска џамија во авганистанскиот град Кундуз, во најкрвавиот напад откако американските сили ја напуштија земјата. Уште многу жртви од малцинската заедница Хазари беа ранети во експлозијата, за која не се тврди, но се чини дека е наменета за дополнително дестабилизација на Авганистан по преземањето на Талибанците. Жителите …

Најмалку 50 загинати Хазари во бомбашки напад во Кундуз, Авганистан Read More »

Група членки на ЕУ бараат од ЕК да финансира физички бариери на границите


Група членки на ЕУ побараа да се изменат прописите за Шенген-границата и да се овозможат „физички бариери“ како мерка за заштита на границата, се наведува во писмото до Европската комисија, во кое Еуроактив имаше увид. Текстот насловен „Прилагодување на правната рамка на ЕУ кон новата реалност“ е испратен до потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас, …

Група членки на ЕУ бараат од ЕК да финансира физички бариери на границите Read More »

Марија Реса – нобеловка на која ѝ се заканува затвор од 6 години


Марија реса од Филипините и Дмитриј Муратов од Русија денеска ја добија Нобеловата награда за мир за напорите вложени да обезбедат слобода на изразување, која е предуслов за демократија и траен мир. „Бес слобода на говорот и новинарство би било тешко да се промовира соработка меѓу нациите“, наведоа од одборот. Која е Марија реса? Марија …

Марија Реса – нобеловка на која ѝ се заканува затвор од 6 години Read More »

За Муратов, Нобеловата награда за мир е заслуга на сите кои загинаа за слободата на говорот


Главниот и одговорен у редник на Новаја газета, еден од добитниците на овогодишната Нобелова награда за мир, Дмитриј Мутаров изјави денеска дека таа награда не е негова заслуга туку за весникот и колегите кои загинале за слободата на говорот. Тој додаде дека го барале од Нобеловиот комитет, но не одговорил телефонски. – Немав време ни …

За Муратов, Нобеловата награда за мир е заслуга на сите кои загинаа за слободата на говорот Read More »

Јанша ја обвини ЕУ дека претерува со владеењето на правото


Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, ја обвини Европската комисија за политичка злоупотреба на владеењето на правото. Во интервју за „Еуроњуз“, словенечкиот премиер, чија земја претседава со ЕУ во овој момент, рече дека напорите на Комисијата да ги натера земјите-членки како Полска и Унгарија да се придржуваат кон основните вредности на ЕУ се „блиску до кршење …

Јанша ја обвини ЕУ дека претерува со владеењето на правото Read More »

Двајца новинари се добитници на Нобеловата награда за мир


Марија Реса од Филипините и Дмитри Муратов од Русија се овогодишни добитници на Нобеловата награда за мир, објавено е во Осло. Марија Реса е филипинска истражувачка новинарка и основач на независниот информативен портал „Раплер“. Муратов е главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“. Норвешкиот одбор за доделување на Нобеловата награда за мир, соопшти дека ги …

Двајца новинари се добитници на Нобеловата награда за мир Read More »

Жените имаат повисока заштите од мажите со вакцината на „Фајзер“, покажа нова студија


Жените генерално имаат повисока заштита од корона вирусот отколку мажите откако ја добиле втората доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, според студијата објавена во средата – иако имунитетот кај двата пола има тенденција да ослабне во рок од неколку месеци по целосната вакцинација. Студијата, објавена во New England Journal of Medicine, исто така, сугерира дека луѓето …

Жените имаат повисока заштите од мажите со вакцината на „Фајзер“, покажа нова студија Read More »

Песочни бури во Бразил, загинаа шестмина


Најмалку шест луѓе го загубија животот во Бразил во силни песочни бури кои овие денови, го погодија југоистокот на земјата, а тој природен феномен е зајакнат од голема суша. Снимките од оваа временска непогода оставаат без здив. Голем облак портокалова прашина за неколку минути го прекрива целиот крај. Бурата ја носат ветришта со брзина до …

Песочни бури во Бразил, загинаа шестмина Read More »

СЗО објави дефиниција за состојбата „продолжен ковид“


Светската здравствена организација објави дефиниција за „продолжен ковид“, термин што се користи за да се опишат здравствени проблеми што ги доживуваат луѓето кои прележале коронавирус. Научниците се уште работат на разбирање на овој синдром. СЗО го дефинира „продолжениот ковид“ како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува да се појавува во рок од три …

СЗО објави дефиниција за состојбата „продолжен ковид“ Read More »

Си-Ен-Ен: Стотици милијарди потрошени од САД во Авганистан, 10 примери за „измами и злоупотреби“


Авиони од половина милијарда долари кои летаа околу една година. Огромен хотел за 85 милиони долари, кој никогаш не беше отворен и е во мизерна состојба. Маскирни униформи за авганистанската армија, чија модерна шема би чинела дополнителни 28 милиони долари. Здравствена установа наведена дека се наоѓа во Средоземното Море… Тоа е дел од жалбите за …

Си-Ен-Ен: Стотици милијарди потрошени од САД во Авганистан, 10 примери за „измами и злоупотреби“ Read More »

Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори


Чесите денеска и утре избираат нов парламент и според анкетите, можно е центристичката партија на актуелниот премиер Андреј Бабиш „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО) да излезе на прво место со околу 25 проценти од гласовите. Меѓутоа, ова нема да и биде доволно за да има мнозинство во Парламентот и да управува самостојно. Досега, Бабиш беше …

Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори Read More »

Хавански синдром: Кога шпионските филмови ќе станат стварност


Додека низ светот со нетрпение се чека ново продолжение на сагата за познатиот таен агент 007, во реалноста, агентите и дипломатите ширум светот се разболуваат на непознат начин – и засега нема сигурен лек. Во книгите на англискиот писател Јан Флеминг, а подоцна и во исклучително популарните филмови за агентот 007, агентот Џејмс Бонд се …

Хавански синдром: Кога шпионските филмови ќе станат стварност Read More »

Нобелова награда за мир: Фаворити – активисти за слобода на медиумите, белоруските опозиционери и Грета Тунберг


Активисти за слободата на медиумите, белоруските опозиционери или активистите за климатските промени, како Грета Тунберг? Денеска, очите на светската јавност ќе бидат вперени кон Осло, каде што ќе се објави името на новиот добитник на Нобеловата награда за мир. Доделувањето на оваа престижна награда е кулминација на сезоната на Нобелови награди и, како и секогаш, …

Нобелова награда за мир: Фаворити – активисти за слобода на медиумите, белоруските опозиционери и Грета Тунберг Read More »

Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата


Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата. – Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале …

Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата Read More »

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море


Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица. „Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф …

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море Read More »

Австриската Влада на „стаклени нозе“, Зелените се сомневаат во способноста на канцеларот Курц


Австриската опозиција вчера побара оставка од канцеларот Себастијан Курц и поднесе барање за одржување вонредна седница на Парламентот, а неговиот владин партнер – партијата на Зелените, изрази јасни резерви за натамошното опстојување на канцеларот на оваа функција. Опозициските Социјалдемократска партија (СПО), Слободарската партија (ФПО) и Неос сметаат дека Курц не треба веќе да биде канцелар …

Австриската Влада на „стаклени нозе“, Зелените се сомневаат во способноста на канцеларот Курц Read More »

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет најави повлекување


Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет денеска ја најави својата оставка од раководството на ЦДУ, по катастрофалните резултати на неговата партија ЦДУ на парламентарните избори во септември, на кои беше кандидат за канцелар. -Многу брзо ќе се справиме со прашањето за новиот тим на ЦДУ, рече тој во Берлин, ослабен под притисок на изборниот пораз. …

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет најави повлекување Read More »

(Видео) Земјотрес од 6,1 степени го погоди Токио, повредени најмалку 17 лица


Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен, според податоците на Јапонската метеоролошка агенција, денеска го потресе Токио, кога најмалку 17 лица беа повредени, а возовите и метрото беа запрени. Официјалните лица изјавија дека не е направена поголема материјална штета и дека не постои опасност од цунами. Американскиот геолошки институт USGS процени дека земјотресот бил со …

(Видео) Земјотрес од 6,1 степени го погоди Токио, повредени најмалку 17 лица Read More »

Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување


Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски. -Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер. …

Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување Read More »

Во Русија од труење со алкохол починаа девет лица


Во рускиот регион Оренбург е отворена кривична истрага поради смртта на девет лица од труење со алкохол, откако консумирале локални пијалоци, што биле произведени во регионот. Локалната униформирана полиција соопшти дека се истражува  дали алкохолните пијалоци, произведени во регионот што граничи со Казахстан, ги исполнуваат безбедносните стандарди. Во соопштението се наведува дека девет лица од …

Во Русија од труење со алкохол починаа девет лица Read More »