Во Турција ќе се одржи нова рунда руско-украински преговори


 Делегациите на Русија и на Украина ќе одржат нова рунда разговори во живо во Турција од денеска до среда, најави еден од украинските преговарачи Давид Арахамија.   Рускиот главен преговарач Владимир Медински, исто така, најави одржување нова рунда преговори, но најави дека тоа ќе биде утре и в среда, без да го прецизира местото. – […]

Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија. Во интервју за списанието Економист, тој рече дека „Британија дефинитивно е на наша страна“ и „не врши балансирачки чин“. – Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како […]

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах


Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.   – Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана. Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил […]

Израелскиот премиер Бенет позитивен на Ковид-19, ќе работи од дома


Израел– Израелскиот премиер Нафтали Бенет е позитивен на Ковид-19, но се чувствува добро и ќе продолжи да работи од дома, се додека е во самоизолација, соопштија денеска од неговиот кабинет, пренесуваат британските медиуми. Заменик портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, која отпатува во Европа со американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, денеска изјави дека е […]

Руските сили се повлекле од околината на Киев и од Славутуч


Украина – Украинската армија во најновиот извештај објави дека „по претрпените значителни загуби“ руските сили се повлекле од околината на Киев. Двата баталјони на тактичките единици на руската армија се повлекле во Белорусија, што е карактеристично по големи загуби, се наведува во извештајот. Исто така се наведува дека е  забележано „значително намален интензитет на движење од […]

Шолц: Промена на режимот во Русија не е цел на НАТО


Германија– Промена на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина, подвлече синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. -Промената на режимот во Русија не е цел на НАТО или на американскиот претседател, изјави канцеларот на германскиот јавен канал АРД. „Имав можност опширно да разговарам со американскиот претседател Џозеф Бајден во […]

Затворена последната железничка врска меѓу Русија и ЕУ, експресниот воз „Алегро“ меѓу Санкт Петербург и Хелсинки


Русија/Финска– Малку по 19 часот по локално време, синоќа, експресниот воз „Алегро“ од Санкт Петербург пристигна во главниот град на Финска, Хелсинки, со што беше означено затворањето на последната железничка врска меѓу Русија и ЕУ. Финскиот железнички оператор „VR“ во петокот соопшти дека го запира експресниот воз „Алегро“, за кој билетите редовно беа распродадени по […]

Симулација: Како би изгледала евентуалната војна меѓу САД и Русија?


Програма за наука и глобална безбедност на Универзитетот Принстон (SGS) разви симулација за евентуална војна меѓу Соединетите Американски Држави и Русија користејќи реални позиции на нуклеарните сили, цели и проценки за смртност. Се проценува дека во ваква евентуална војна ќе има повеќе од 90 милиони мртви и повредени во првите неколку часа од конфликтот.

Приврзаниците на Земур скандираа „Макрон убиец!


 На митингот на Ерик Земур на Трокдеро во Париз денеска се собраа меѓу 30 и 50 000 негови следбеници, иако тој тврдеше дека ги има 100. 000, а одбележен беше со скандалозните извици на неговите приврзаници „Макрон убиец!“, јави дописникот на МИА. „Не сум изненаден“, изјави за БФМТВ Кристоф Кастанер, претседател на парламентарната група „Републиката […]

Речиси половина Украинци подготвени да се борат против руската војска


Речиси половина од Украинците на возраст од 18 до 55 години се подготвени директно да учествуваат во борбата против руската агресија, покажа истражувањето на Норвешкиот институт, кој оценува дека мотивацијата е неверојатно висока. Околу 70 отсто од мажите и околу 30 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се подготвени да се борат, покажа анкетата објавена […]

Пасечник: Нема подготовки за референдум во Луганск


Во моментов нема подготовки за одржување референдум за присоединување на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) кон Русија, изјави денеска лидерот на ЛНР, Леонид Пасечник. Тој посочи дека негово лично мислење е дека е можен ваков референдум, пренесе Тасс. -Дадов таква изјава. Би сакал да биде јасно: тоа е мое лично мислење. Во моментов ништо не […]

СДП на Олаф Шолц убедлив победник на покраинските избори во Сар


Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц победија на денешните избори во покраината Сар, а според првичните излезни анкети тие освоија апсолутно мнозинство на локалните избори. Според излезните анкети на јавниот сервис АРД, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освоила 43 отсто од гласовите на изборите за парламентот во сојузната покраина Сар, што е за 13 отсто повеќе […]

Спречен атентат на Зеленски по дојава од руската тајна служба


Последниот обид на Русија да изврши  атентат на украинскиот претседател Володомир Зеленски беше спречен откако 25-члена екипа беше уапсена на границата со Словачка, тврди Киев. Екипа од повеќе од дваесет обучени убијци била собрана од полицијата во Ужгород, западна Украина, додека биле на пат кон Киев синоќа, објави Билд. Извори од киевското контраразузнавање изјавија за […]

Борел: Во следните две години Европа ќе се откаже од рускиот гас


Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“. Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за европа“ и „да ја намалат зависноста од […]

Бајден: Украина нема да биде победа за Русија 


„Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата воља за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша синоќа на Твитер претседателот на САД Џо Бајден.  „Место да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на […]

Преговорите меѓу Украина и Русија од утре до среда во Турција


 Следната рунда директни разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на социјалните мрежи украинскиот преговарач Давид Арахамија. Британските медиуми пренесуваат дека претходните неколку рунди, и директни и онлајн, разговори што беа одржани откако Русија на 24 февруари ја нападна соседната земја, Украина ги оцени […]

Голем шумски пожар околу нуклеарната централата Чернобил


 Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош. „Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот“, соопшти Денисова на Фејсбук, […]

Русија го блокира пристапот до германски „Билд“


Русија го блокирала пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор. Барањето за блокирање на пристапот до „Билд“ во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор“ го одобрил барањето и го спроведе, пренесуваат руските меидуми. -„Билд“ деноноќно известува за агресивната војна […]

Макрон се огради од коментарите на Бајден за Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на „вербална ескалација” откако американскиот претседател Џо Бајден вчера во Варшава го опиша Владимир Путин како „крвник” и во својот говор рече дека „тој повеќе не може да биде на власт”, пренесува АФП. „Не би користел такви термини бидејќи сè уште сум во преговори со претседателот Путин“, рече Макрон. Коментирајќи ги […]

Кулеба повика на бојкот на францускиот синџир на супермаркети „Ошан“


 Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска повика на бојкот на продавниците на „Ошан“, француски синџир на супермаркети во Русија, бидејќи оваа француска групација ги задржа своите деловни активности во Русија. „Очигледно е дека загуба на бизнисот во Русија им е поважен од мртвите во Украина“, напиша Кулеба на Твитер. Министерот додаде дека „Ошан“ треба […]