Истражување: Од корона повеќе починале за време на викенд, отколку во работна недела


 

Повеќе луѓе во светот починале од Ковид-19 за време на викенд, отколку за време на работната недела, покажаа резултатите од новото истражување на стапката на смртност во светот. Истражувачите ја прифатија можноста дека една од причините за тоа е доцнењето со пријавите за смррта, но велат дека и недостатокот на медицински персонал на крајот на неделата и искуството може да играат улога.

Просечнниот број на починати од корона вирусот во светот во текот на пандемијата бил за шест отсто повисок на крајот на неделата во споредба со работните денови: 8.532 спрема 8.083, велат истражувачите. Стручњаците од Универзитетот Тотонто во канада ги анализирале сите смртни случаи од базата на податоци на Светската здравствена организација забележани меѓу 7 март 2020 и 7 март 2022 година.

Податоци од повеќе држави

Резултатите од истражувањето, кои ќе бидат претставени на овогодинешниот Економски конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во Португалија на крајот на овој месец, покажуваат дека во САД за викенд во просек биле 1.483 починати, а во текот на работната недела 1.220, што е за 22 отсто повеќе.

Бразил во просек имал 1.061 смрт за викенд, а во работни денови 823, што е 29 отсто повеќе, додека во Обединетото Кралство на крајот на неделата забележани се во просек 239 смртни исходи, а во работни денови 215.

Понатамошното истражување, кое се занимавало со просечниот број починати од последиците од Ковид-19 во поединечни недели, покажало дека зголемувањето е особено забележително коха се споредуваат податоците од петок и од понеделник, 9.086 спрема 7.219, и недела и понеделник, 8.850 спрема 7.219 смртни исходи.

Една од истражувачките, д-р Фица Манцур, вели дека доцнењето на пријавите за смрт не ја објаснуваат во целост разликата, во различни земји, како германија, каде е забележано помалку смртни случаи за викенд (137) отколку во текот на неделата (187).

Недостаток на персонал, капацитети

„Бирократските доцнења на крајот на неделата не ја објаснуваат во целот причината поради која има помалку евидентирани смртни случаи од Ковид-19 во понеделник во споредба со петок, а исклучиво задоцнетите пријави не можат да објаснат зошто порастот на смрт во САД е толку голем, а не е таков во германија“, вели мацур.

„Напротив, викенд-учинокот, веројатно се случил поради недостиг на на медицински персонал, капацитети и искуство. Нашите резултати покажуваат дека овој проблем не се решава и покрај подобрата делотворност на здравствениот систем и освестеноста за време на пандемијата“, додава Манцур. „Здравствените системи може уште повеќе да ја подоврат грижата секој ден во неделата“, додава таа.

Истражуваќите признаваат дека заклучоците на студијата, која е рецензирана, може да бидат ограничени со лажно негативните резултати, превидени случаи и грешки при внесувањето на податоците и дека достапните податиоци не ја земаат во предвид сериозноста на болеста ниту го истражуваат учинокот на локалните политики и јавноздравствените интервенции во поедини земји.