Земјотрес од 6,7 степени во близина на Никарагва


 

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер забележан е во близина на брегот на средноамериканска држава Никарагва. Земјотресот бил на длабочина од 42 километри, а епицентарот од брегот бил оддалечен само десетина километри.

Потресот се почувствувал и во соседните држави Костарика, Салвадор и Хондурас, како и во Манаггва, главниот град на Никарагва.

Уште нема информации во врска со опасност од цунами.