„Ова не е време за забава“: популарен ТВ-водител во Русија поднесе оставка
Александар Гуревич водеше квиз шоу на државниот канал Русија 1. Тој изјави дека не може да се шегува кога во Украина се случува огромна трагедија
Популарен водител на руската државна телевизија поднесе оставка откако ја критикуваше варварската инвазија на Украина на Владимир Путин.
Александар Гуревич (57) им се извини на обожувачите што го водел шоуто „Сто до еден“ (емисија за игри) во исто време кога силите на Кремљ вршат ужаси на нивната соседна земја.
Неговите коментари доведоа до тоа сите епизоди од серијата да бидат отстранети од Јутјуб и тој наводно дал оставка од државниот ТВ канал Русија 1.
Водителот напиша на интернет: „Оваа војна мора да се прекине! Стоп!
„За мене е апсолутно невозможно да се забавувам и да се шегувам во заднината на огромна трагедија, без да забележам што се случува“.
Гуревич рече дека неговото семејство од страната на неговата сопруга има украински корени.
„Мојата [покојна] баба е родена во Одеса и долго време живееше во Харков“, рече тој во неговите критички коментари кои беа напишани наместо кажани во етер.
„Како таа би ги слушала денешните информативни извештаи за смртта на војниците, за експлозиите, дека цивилите во Киев и Харков ја поминуваат ноќта во метрото, бегајќи од војната“, рече тој.
Таа ќе бараше да престане да се повторуваат сцените од ужасната Втора светска војна, рече тој.
Во својата објава, телевизискиот водител рече дека верува оти учесниците во шоуто за игри не би сакале да учествуваат во забавно шоу за време на војната.
Епизодите кои моментално се прикажуваат биле снимени пред почетокот на конфликтот во февруари, рече тој.
„Експлозии на гранати, човечки жртви, луѓе кои ги напуштаат своите домови и бегаат од гранатирањето – се извинувам на секој за кого веселоста на нашата програма изгледа, како и мене, му целосно несоодветна овие денови“, рече тој.
Емисијата за прв пат беше емитувана во Русија во 1995 година.
Гуревич е познат водител, шоумен, продуцент и режисер.