Пентагон: Руските трупи конечно се повлекоа од Киев и Чернихив


Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си. – Руските сили, во близина на Киев и Чернихив се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон. Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не […]

Пронајдени 11 тела во киевското предградие Хостомел


Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници. Информацијата не може да се потврди од независни извори. Хостомел, кој се наоѓа северозападно од […]

Зеленски: Има илјадници исчезнати луѓе – или биле депортирани во Русија или се убиени


Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање, пренесува ДПА. – Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм. Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со […]

Најмалку 5.000 жители загинале во Мариупол


Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук. – Се проценува дека меѓу загинатите има најмалку 210 деца, истакна градоначалникот на Мариупол. Бојченко го опиша уништувањето од војната во Мариупол, раскажувајќи ужасни детали за […]

Кои се ќерките на Путин и зошто се знае толку малку за нив


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, отсекогаш бил таинствен кога станува збор за прашања поврзани со неговото семејство. Во 2015 година, за време на една од неговите маратонски прес-конференции, тој избегнуваше прашања за идентитетот на неговите ќерки. „Моите ќерки живеат во Русија, а студираа само во Русија, горд сум на нив“, рече тој. „Тие зборуваат […]

Украина: Ракетирана железничка станица во источниот дел од земјата


Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти денеска Државната украинска железница. Во соопштението не се наведени детали за бројот на жртвите, ниту за локацијата на нападот. Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на […]

ЕУ не го одобрила новиот пакет санкции против Русија


Дипломатите на ЕУ не го одобрија новиот пакет санкции против Русија, предложен од Европската комисија, бидејќи треба да се решат технички прашања, вклучително и дали забраната за увоз на јаглен од Русија ќе влијае врз постоечките договори, објавија западни медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Европската комисија вчера предложи забрана за увоз на сите видови […]

САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија


Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија. – Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту […]

Преку 400 жители на Хостомел се водат како исчезнати


Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека повеќе од 400 жители на градот Хостомел се водат како исчезнати, по 35 дена окупација од страна на руските сили и се повика на изјавите на сведоците кои тврдат дека некои од нив биле убиени. „Повеќе од 400 луѓе исчезнаа за време на 35-те дена […]

Русија се заканува со последици доколку биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН


Русија ги предупреди земјите-членки на ОН дека доколку гласаат „за“ или бидат воздржани во врска со барањето на САД да биде суспендирана од Советот за човекови права, таа ќе го смета за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи, се вели во нотата, во која денеска имале увид некои западни медиуми. САД […]

Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна


Полска – Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната. Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи. […]

Неверојатно видео: битка на еден украински тенк против 10 руски


  Се појавија неверојатни видео снимки од она што се чини дека е осамен украински тенк кој уништува неколку руски оклопни возила на 80 километри од Киев. Снимката, собрана со беспилотно летало и објавена од украинска волонтерска единица на Телеграм, покажува нешто што се чини дека е еден добро позициониран украински тенк Т-64 кој гаѓа […]

Во Мумбај откриен сојот ХЕ на коронавирусот, позаразен од претходните


Индија– Првиот случај на нов вид на коронавирус под името XE е откриен денеска во Индија, во градот Мумбај, соопшти Општинската управа. Откриен е и еден случај на сој Капа (што се појави во Индија во 2020 година), а индиските медиуми јавија дека пациентите заразени со новиот вид засега немаат сериозни симптоми. Светската здравствена организација […]

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот. Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми. Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од […]

Израелската влада го загуби мнозинството


  Осумпартиската коалициска влада на премиерот Нафтали Бенет е на власт речиси десет месеци. Сега го загуби своето тенко мнозинство, а Израел повторно запаѓа во период на внатрешна политичка криза. Одговорна за ова е пратеничка партијата Јамина на самиот премиер Бенет, која ѝ го сврте грбот на алијансата. Идит Силман го оправда своето излегување со […]

Германија набавува 140 вооружени дронови од Израел за 152,6 милиони евра


Германија – Германија, по долги години дебата, првпат ќе добие беспилотни летала со оружје, изјавија денеска парламентарни извори. Досега, германските вооружени сили имаа право да имаат само невооружени беспилотни летала за извидувачки цели, оставајќи им на другите сојузници да користат вооружени беспилотни летала на терен. Собраниската комисија за одбрана денеска одобри купување на 140 вооружени беспилотни […]

Зошто опозицијата во Унгарија беше драматично поразена


  Западниот коментаријат едноставно не можеше да поверува. Орбан повторно – нова убедлива победа. Едноставно беше незамисливо, тврдеа тие, дека во демократија една партија може да владее со супермнозинство во парламентот 16 години – ако сметаме во четирите години што сега ќе следат по триумфот на Орбан на унгарските избори на 3 април. Пред изборите, […]

Норвешка протерува тројца руски дипломати


Норвешка– Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“. Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати. – Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства […]

Зошто Русија ја загуби битката за Киев и како пропаднаа и планот А и планот Б


  Војната во Украина во последните денови беше одбележана со симултани украински контранапади и успеси на бојното поле во регионите на Киев и Чернихив, руски масовни повлекувања од тие региони и докази за масакри што ги оставија руските сили во сега ослободените градови. Првиот заменик врховен командант на руските вооружени сили, генерал Сергеј Рудској, го […]

ЕУ ќе ја забрза нострификацијата на украинските дипломи и сертификати


Белгија– Европската Комисија издаде препорака за побрзо признавање на еквивалентноста на украинските академски и професионални сертификати и дипломи за бегалците од оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел. Со ова Европската Комисија сака процедура да се олесни, забрза и да биде пофлексибилна во сите земји членки на ЕУ. Комисијата смета дека ова е од […]