Напаѓачот од Тел Авив е убиен


Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив, соопштија официјални лица. – Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран, соопштија официјални лица, додавајќи дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во […]

Фон дер Лајен и Борел ќе се сретнат со Зеленски во Киев


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок ќе престојува во   посета на украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Таа ќе биде придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. Европската комисија претходно објави дека посетата ќе биде оваа недела, но […]

Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН


  Генералното собрание на Обединетите нации  гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк. Тоа следи по наводите за воени злосторства на војниците на Кремљ во Украина. Пред да се гласа, украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислица ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето […]

Ненси Пелоси позитивна на Ковид-19


САД–   Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси е позитивна на тестот за Ковид-19, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. „Откако тестирањето беше негативно оваа недела, спикерот Пелоси има позитивен резултат на тестот за Ковид-19 и е асимптоматски“, објави нејзиниот портпарол Дру Хамил на Твитер. „Таа е   вакцинирана со двојна доза и со заслувачка доза“. […]

ЕП бара целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас


Европскиот парламент побара воведување на уште поостри санкции против Русија од страна на ЕУ, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, како и вклучување на Белорусија, која е сојузник на Кремљ. Во резолуцијата усвоена денеска со 513 гласа „за“, 22 „против“ и 19 воздржани, европратениците повикаа на дополнителни санкции за Русија, […]

За Русија нацрт украинскиот мировен договор е „неприфатлив“


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласи денеска дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев на Москва содржи „неприфатливи“ елементи. Тој доаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања. -Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека […]

Бундестагот отфрли предлог на Владата за задолжителна вакцинација


 Германскиот Бундестаг денеска го отфрли предлогот на владата за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за постарите граѓани. Во Бундестагот 378 пратеници гласаа против воведувањето задолжителна вакцинација за граѓаните над 60 години, а 296 го поддржаа владиниот предлог, девет пратеници беа воздржани. со тоа германската влада на канцеларот Олаф Шолц го претрпе првиот значаен пораз во […]

Германското разузнување пресретнало разговори на руски војници за убивање цивили во Буча, пишува „Шпигел“


  Германското федерално разузнавање пресретнало радио комуникации на руската војска, во кое разговарале за убиствата на цивили во украинскиот град Буча во близина на Киев. Ова го пренесува магазинот „Шпигел“. Според текстот, разузнавачите го пријавиле ова во германскиот парламент на 6 април. Меѓу материјалите од извештајот беа презентирани неколку снимки од пресретнати комуникации. Така, во […]

Карлови Вари пред пропаст, го уништи пандемијата и руската инвазија


  Ѕвончето на влезната врата на продавница за сувенири во Карлови Вари, Чешка, собира прашина. Сопственикот зад касата размислува како да врзе крај со крај. Аднан Фарид, родум од Либан, вели дека може само да седи и беспомошно да гледа му пропаѓа како работата. Карлови Вари е познато одморалиште за капење и лечилиште благодарение на […]

Канада ќе вади нафта од дното на Атлантскиот Океан


Канада – Владата на Канада, инаку четвртиот најголем производител на нафта во светот, одобри спроведување на оспоруваниот проект за вадење нафта од дното на Атлантскиот Океан, изјави синоќа канадскиот министер за животна средина, Стивен Гилбо. Проектот наречен „Северен залив“ што со години го разработува норвешката компанија „Еквинор“, ќе овозможи црпење нафта од наоѓалишта на длабочина од […]

Евакуација во Сиднеј поради нови поплави


Австралија– Во Сиднеј во првите три месеци од годинава падна едногодишна количина дожд и поради постојаните дождови кои предизвикуваат порои, загрозуваат куќи и поплавуваат улици, властите денеска наредија евакуација на жителите. Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на […]

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија


Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми. Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека […]

Како Русите ги објаснуваат шокантните снимки од Буча


  Додека светот е полн со осуда за настаните во Буча кај Киев, каде, очигледно, беше извршено воено злосторство, Русите се полни со оправдувања. Нека одат дотаму што тврдат дека се е инсценирано. Буча неодамна беше повторно заземена од украинските сили, по повлекувањето на руската армија. Сцените снимени по повлекувањето го откриваат масакрот што се […]

ДЕА предупредува на растечки тренд смртни случаи од предозирање со фентанил во САД


– Американската Администрација за борба против трговијата со дроги (ДЕА) предупреди на нагло зголемување на бројот случаи на масовно предозирање со дроги збогатени со фентанил. Фентанилот е синтетички опијат и се злоупотребува како додаток на посточките дроги како што е кокаинот. Во извештајот ДЕА посочува дека од јануари оваа година се регистрирани седум инциденти на […]

Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт


Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт. Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за […]

Видео покажува како украински војници убиваат руски заробеници


  Видеото објавено во средата покажува како украинските војници ги убиваат нивните очигледно заробени руски колеги со врзани раце зад грб – исто како што од градот Буча излегуваат обвиненија за слични злосторства извршени од руските сили. Видеото, кое „Њујорк тајмс“ го потврди во средата, покажува како украинските војници ги извршуваат убиствата, по нешто што […]

Во Финска конфискувани руски уметнички дела позајмени за изложби во Западна Европа


Финската царинска служба соопшти дека три пратки запленети на границата со Русија содржат уметнички дела од неколку руски музеи, кои биле позајмени за изложби во Западна Европа. Според руските медиуми, овие уметнички дела биле на пат кон Русија бидејќи биле позајмени за изложби во неколку музеи во Италија, вклучувајќи ги и Palazzo Reale во Милано […]

Поднесена резолуција за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН


САД и другите земји огорчени од руската воена инвазија врз Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН. Вонредната седница на Генералното собрание на ОН ќе продолжи денеска попладне. Во нацрт-резолуцијата се наведуваат податоци за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ и „кршење на меѓународното хуманитарно […]

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги


Истанбулскиот суд денеска треба да решава по барањето на Обвинителството за запирање на процесите што се водат против обвинетите во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, како и целиот предмет да им го предадат на судовите во Саудиска Арабија. Вкупно 26 лица се обвинети во судскиот процес, вклучувајќи и поранешен близок советник на […]

Јеменскиот претседател ги предаде овластувањата на Советот што треба да донесе решение на долгогодишниот конфликт во земјата


Јеменскиот претседател Абдрабу Мансур Хади предаде големи овластувања на лидерскиот совет, тело формирано за да изнајде политички решение за долгогодишниот конфликт во земјата. Хади притоа му додели „неотповиклив” мандат за Советот што ќе ги презерме сите негови претседателски овластувања. Новоформираниот совет што ќе биде составен од седум члена, ќе го предводи Рашад ал-Алими, поранешен министер […]