Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич


Почина првиот претседател на независна Белорусија, по одвојувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич. Информацијата денеска ја потврди неговата сопруга.

Осумдесет и седумгодишниот Шушкевич почина во болница од компликации предизвикани од Ковид-19.

Тој беше еден од тројцата лидери, кои во декември 1991 година потпишаа договор, со што СССР престана да постои.

Шушкевич беше противник на актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.