Голем пожар во складиште за нафта во сепаратистичкиот Донецк (галерија)


Пожарникарите се борат со оганот во складиштето за нафта во Донецк

 

Има извештаи за пожар во нафтена постројка во регионот на Донецк, по претходните извештаи за експлозија.

Магацин во дел од украинскиот регион Донецк, кој е под контрола на сепаратистите, бил под удар на украинската артилериска стрелба, соопшти Донецката новинска агенција.

Се смета дека објектот е во Макијивка и се користел за снабдување со гориво на руската армија.

Едно лице загина, а две се повредени, се вели во објавата на Телеграма од самопрогласената Народна Република Донецк.

Сепаратистите поддржани од Русија ја контролираат областа.