Австрија подготвува закон што забранува греење на гас


Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува од 2023 година забрана за греење на гас за нови градби. Мерката беше планирана дури од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен. Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема […]

Русија суспендирана од Светската туристичка организација


Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. На најавите од […]

Русија свикува неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 6 мај


Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации. – Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната ситуација на теренот, добредојдени сте на нашиот состанок на „Формулата-Ариа“ на 6 […]

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст


 Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева. Според извештајот, бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година. Причината за порастот е што премалку […]

Љубовницатa на Путин следна цел на санкциите на САД


САД – Алина Кабаева, позната руска гимнастичарка и наводно романтичен партнер на рускиот претседател Владимир Путин, е можна цел на следните санкции, соопшти денеска Вашингтон пост. Рускиот претседател во 2013 година соопшти дека се разведува по 30 години брак со Људмила, тогашната прва дама на Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина, САД го санкционираа […]

Американските претседатели се обединија на погребот на Медлин Олбрајт


САД – Американската политичка елита во црква во Вашингтон се прости од Медлин Олбрајт (1937-2022), првата жена што беше државен секретар на САД. Комеморацијата ја предводеа американскиот претседател Џо Бајден и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, кој ја избра Олбрајт за свој највисок дипломат. Околу 1.400 гости се собраа да се простат од […]

Фаучи: САД излегоа од пандемијата на коронавирус


САД– САД сега се „надвор од фазата на пандемијата“ бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски, изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја. – Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто“, рече Фаучи во интервју за PBS NewsHour, кога водителката Џуди Вудраф […]

Русија нарачала итно печатење на 175.000 дипломатски пасоши за избегнување на санкциите на Западот


  Русија нарача десетици илјади нови дипломатски пасоши во за да им дозволи на функционерите и шпионите – и нивните сопруги – да ги заобиколат западните санкции. Министерството за надворешни работи во Москва ненадејно побара брзо печатење на речиси 175.000 од елитните патни исправи по цена од 3,8 милиони евра. А министерството, на чие чело […]

Гнев во руската армија – бараат окупација на цела Украина


  Делови од руската војска се бесни што шретседателот Путин ја намали инвазијата на Украина и повикаа на нова ескалација на конфликтот. Додека воените напори на Кремљ се борат да го скршат силниот украински отпор, водечките фигури во армијата, наводно, го молеле Путин да ја преземе земјата засекогаш. Воените и провоените канали на Телеграм сега […]

Потпретседателот на Газпромбанк, Волобуев, се придружи на украинската армија


Русија –  Потпретседателот на руската државна банка Газпромбанк, Игор Волобуев пребегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија. Волобуев за независниот руски портал „Инсајдер“ и за украинскиот деловен портал „лига.нет“ изјави дека на 2 март ја напуштил Русија и се приклучил на украинските сили за територијална […]

Американското разузнавање ѝ помогнало на Украина да го брани небото и да собори руски авион со стотици војници


  Како што Русија ја започна својата инвазија, САД им даваше на украинските сили детални разузнавачки информации за точно кога и каде руските проектили и бомби ќе нападнат, што ѝ помогна на Украина да ги премести противвоздушната одбрана и авионите надвор од опасност, изјавија сегашни и поранешни американски официјални лица за НБЦ Њуз. Тоа речиси […]

(Видео) Макрон го гаѓаа со домати


  Претседателот на франција Емануел Mакрон доживеа непријатност во текот на посетата на општина Сержи на северозападот на Париз. Демонстрантите при посетата го гаѓаа со домати, иако во ова место Макрон на изборите доби поддршка од 76 отсто. Претседателот на Франција одржа говор, каде вети дека ќе ги сослуша сите гласачи, а подоцна додека одеше […]

Бригадата одговорна за масакрите во Буча сега трпи загуби во Донбас


  Руската бригада обвинета за извршување грозоморни воени злосторства против беспомошни цивили во Буча, наводно, била нападната од украински беспилотни летала и претрпела „тешки загуби“ во Донбас. Војниците на 64. Моторизирана топовска бригада на 35. Серуска армија, кои украинските власти ги именуваа како одговорни за мачење, силување и егзекуција на цивили во предградието на Киев, […]

Кина го пријави првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓе


Кина– Кина го откри првиот случај на птичји грип Х3Н8 (H3N8) кај луѓе, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија. Варијанта на вирусот е потврдена кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата во вторникот. Детето […]

Кој е регионот Приднестровје во Молдавија и зошто растат таму тензиите


  КИШИНЕВ – Тензиите се зголемуваат во отцепениот молдавски регион Придњестровје, во непосредна близина на Украина, каде што властите велат дека експлозии ги погодиле радио антените и седиштето на државната служба за безбедност во рок од еден ден. Еве зошто регионот се појавува како можна нова жешка точка во војната во Украина. ШТО Е ПРИДНЕСТРОВЈЕ? […]

Русија истапува од Светската туристичка организација


  Рускиот амбасадор во мадрид, Јуриј Корчагин соопшти денеска дека Русија истапува од членството во Светската туристичка организација (UNWTO), затоа што одреден број земји ја монополизираа таа организација во настојување на ја „протуркаат“ одлуката за суспендирање на членството на неговата земја. „Мора да констатираме дека еден број земји членки практично ја монополизираа UNWTO кои оваа […]

ЕУ почна постапка против Унгарија поради владеење на правото


Европската комисија денеска почна постапка без преседан против Унгарија, која може да доведе до повлекување на финансирањето на Будимпешта поради кршење на демократските стандарди. Еврокомесарот за буџет Јоханес Хан доби зелено светло да испрати „писмено известување“ до унгарската Влада со кое се активира механизмот за владеење на правото, изјави потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас. На почетокот […]

Моравјецки: Прекинот на испораката на гас е одмазда и уцена


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска остро реагираше на ненадејниот прекин на испораките на гас за неговата земја и постапката на руските власти ја окарактеризира како одмазда за новите санкции што Полска ги воведе против Русија. Полските санкции беа соопштени вчера и се насочени против 50 руски олигарси и компании, вклучително и Гаспром, а набргу по објавувањето, полските власти добија […]

Лоши вести за Русија, украинската војска се засилува


Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска ги поздрави ветувањата на САД и нивните сојузници дека ќе испратат уште тешко оружје во Киев, по разговорите во германската воздухопловна база Рамштајн и порача дека „Украина станува посилна “. „Едно од чудните барања на Русија на почетокот на војната беше целосна демилитаризација на Украина. По вчерашната епохална […]

Светските лидери  и елитата на Вашингтон ќе и оддадат последна почит на Медлин Олбрајт


САД– Светските лидери и американската политичка елита се подготвуваат да и оддадат почит на покојната Медлин Олбрајт, детето бегалец од Европа разурната од војна, која стана првата жена државен секретар на Америка. Предводени од претседателот Џо Бајден и претходниците Барак Обама и Бил Клинтон, човекот кој ја избра Олбрајт за негов врвен дипломат и највисоко […]