ЕЦБ: Војната во Украина ги зголеми ризиците за финансиската стабилност на еврозоната
Војната во Украина ги зголеми ризиците за финансиската стабилност во еврозоната, се вели во мајскиот преглед на Европската централна банка.
Руската инвазија доведе до дополнително зголемување на цените на суровините, а со тоа и до инфлациски притисоци, пишуваат експерти од Франкфурт.
Според нив, проблемите со закрепнувањето на некои економии во развој, долготрајното заклучување во Кина и можноста за ново проширување на пандемијата на Ковид -19 се дополнителни ризици за еврозоната, објави БНР.
Профитот во банкарскиот систем годинава ќе се намали по силното закрепнување од минатата година, додаваат од ЕЦБ.