Војната во Украина ќе трае до крајот на годината, ако не и подолго


Официјални лица на ЕУ и САД, како и западните медиуми наведуваат дека Западот е одлучен во намерата да испрати уште поголеми испораки на тешко вооружување во Киев, затоа што во Украина се подготвува подолга војна во Украина, која ќе трае барем до крајот на годината, а веројатно и многу подолго. Ова предвидување го потврди претседателката […]

Путин ја одликуваше бригадата обвинета за злосторството во Буча


Рускиот претседател Владимир Путин на 64-та руска моторизирана пешадиска бригада денеска и додели почесна титула за „херојство“, пренесуваат француските медиуми, додавајќи дека Украина ја обвини воената единица за злосторствата извршени во Буча. Путин потпиша декрет со кој ги одликува членовите на бригадата за нивното „херојство, истрајност, одлучност и храброст“, соопшти Кремљ. „Одлучните и вешти акции […]

Зеленски: Украина би можела да добие кандидатски статус за ЕУ ​​во наредните недели


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ на претставникот на ЕУ и рече дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.   Прашалникот, кој служи како почетна точка за ЕУ ​​да ги започне пристапните преговори, претседателката […]

„Гугл мапс“ овозможи пристап до руските воени бази


Украинската армија на Твитер објави дека „Гугл мапс“ (Google Maps) го отвори пристапот до руските воени и стратешки објекти, што претходно беа затемнети. – Сега секој може да види разни руски лансери, мини на интерконтинентални балистички ракети, командни пунктови и тајни депоа со резолуција од околу 0,5 метри по пиксел, се наведува во соопштението на […]

Адам Михник : Путин е бандит, а Бајден знае како да се однесува со нив


Владимир Путин „ја воведе Русија во стапица“ со инвазијата на Украина, изјави поранешниот полски дисидент Адам Михник, предвидувајќи конечен пораз за рускиот лидер и шанса за многу потребните либерални реформи потоа. „Во Русија, промените се случуваа откако војните беа изгубени – по финската војна, јапонската, авганистанската војна, а сега и во Украина“, изјави Михник за […]

Ова е Украинецот кој стои зад говорите на Володимир Зеленски


  Во овие бурни времиња и напади на Украина, претседателот Володимир Зеленски успеа да допре до луѓето низ целиот свет. Го направи тоа на многу начини, па и со своите говори со силни пораки кои често имаме прилика да ги чуеме. Сега е познато и кој стои зад нив. Зад јавните обраќања на претседателот на […]

Канцеларијата на Мануела Швесиг дејствувала како „огранок на Гаспром“


Регионална лидерка во Германија договарала со Гаспром, руската енергетска компанија поддржана од државата, да го промовира гасоводот Северен тек 2 пред тој да биде откажан, покажуваат објавените документи. Мануела Швесиг, главен министер на североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, е најновата членка на Социјалдемократската партија (СПД) на Олаф Шолц која се најде под притисок поради нејзините врски […]

ОЛАФ ги истражува злоупотребите на Ле Пен


ПАРИЗ (АП) – Париските обвинители го проучуваат извештајот на агенцијата за измами на Европската унија во кој се обвинува француската екстремно десничарска претседателска кандидатка Марин Ле Пен и другите членови на нејзината националистичка партија за злоупотреба на јавните средства додека служеле во Европскиот парламент. Извештајот беше обелоденет од францускиот истражувачки информативен сајт Медиапарт неколку дена […]

Руските производители бараат од владата да не ја затвора границата со ЕУ


Здруженијата на производители на храна и амбалажа за прехранбената индустрија апелираа до рускиот премиер Михаил Мишустин да не го ограничува влезот на камионите од ЕУ кои ја снабдуваат индустријата со суровини. „Кога развивате одлука за одговорот на Руската Федерација на петтиот пакет санкции на ЕУ, ве молиме да не применувате „огледални“ мерки за европските превозници […]

Медвечук моли да биде разменет со украински војници


Двајца британски борци заробени во Украина од руските сили се појавија во понеделникот на руската државна телевизија и побараа да бидат разменети за Виктор Медведчук, кој беше заробен од украинските власти минатата недела. Во видеото, Шон Пинер и Ејден Аслин  зборуваат откако биле поканети од неидентификуван маж, а Ројтерс нагласува дека не може да потврди […]

Путин прати писмо со кое може да предизвика нов меѓународен судир


Претседателот на Русија, Владимир Путин, преку писмо пратено до премиерот на Израел, Нафтали бенет побара црквата „Александар Невски“ во ерусалимскиот Стар град веднаш да премине во руска сопственост. На Путин, наводно, тоа му го ветил претходниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Но, инсистирањето на Путин сопствеништвото да почне веднаш може да поттикне не само дипломатски судир […]

Русија живее од резерви, загрозени 200.000 работни места во Москва


Околу 200.000 луѓе се изложени на ризик да ги загубат своите работни места во Москва бидејќи странските компании го прекинаа своето работење или одлучија да го напуштат рускиот пазар, предупреди денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Московските власти се подготвени да ги поддржат луѓето кои ќе останат без работа, нудејќи им обука и привремени и […]

Полицијата во Шведска рани тројца на демонстрациите за палење на Куранот


  Во Шведска во градот Норчопинг, вчера, полицијата рани тројца луѓе во сузбивањето на демонстрациите кои се организирани откако одредени луѓе јавно го запалиле Куранот. Полицијата и демонстрантите против плаењето на Куранот претходните денови биле вклучени во сериозни судири во кои неколку полицајци се повредени, а повеќе возила се запалени откако данската ексремно десничарска партија […]

ИД: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција


Исламска држава преку соопштение ги повика членовите да ги интензивираат нападите ширум светот, а посебно во Европа, каде фокусот во моментот е на војната во Украина. Портпаролот на ИД, Абу Омар ал-Муџахир изјави дека припадниците на групата подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот водач на Абу Ибрахим ал Кураиши, а одмаздата пред се значи интензивирање […]

Украина го пополни прашалникот за ЕУ


Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Игор Жовква, потврди дека надлежните украински функционери пополниле прашалник, што е прв чекор и почетна точка за процесот на одлучување на Европската Унија за пристапување на Украина. Прашалникот за членство го предаде претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен за време на посетата на Киев на 8 април, […]

Лавов погоден со силни ракетни удари


  Јуриј Сак – еден од советниците на министерот за одбрана на Украина, кој се наоѓа во западна Украина – зборуваше за Би-Би-Си за нападите врз градот Лавов. „Она што се случи денеска е многу вознемирувачко и алармантно, бидејќи ова е многу моќен ракетен напад на цивилна инфраструктура“, изјави тој за програмата „Би-Би-Си Радио 4“. […]

За прв пат повеќе луѓе влегле во Украина од Полска отколку што ја напуштиле


  За прв пат од почетокот на војната во Украина, повеќе луѓе дојдоа во земјата од Полска отколку што ја напуштија. Сè поголем број се враќаат – или да ги посетат роднините или да се вратат во нивните домови. Бројките на полската гранична служба покажуваат дека 22.000 луѓе преминале во Украина во саботата, додека 19.200 […]

Силни експлозии во Лавов


  Во Лавов, Украина, утрово се слушале силни експлозии. На западот на градот, пишува Би-би-си, се слушнале најмалку пет експлозии. Не е јасно што се случило. мо на местото на експлозиите се гледа густ, црн чад. Репортерите на Би-би-си виделе проектил во лет. Околу 45 минути пред ударот се слушнале сирените за тревога. Како што […]

Борис Џонсон неделава во посета на Индија


Aнглија – Во услови на тековната руско-украинска војна, британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети Индија оваа недела, соопшти индиското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека Џонсон ќе ја посети Индија на покана на индискиот премиер Нарендра Моди, а премиерите ќе одржат интензивни консултации за време на дводневната посета. „Индија и Обединетото Кралство уживаат […]

Се појавија првите фотографии на крстосувачот „Москва“ како гори


  На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од оштетениот крстосувач „Москва“ пред да потоне. Иако никаде не е потврдено дека на фотографиите е Москва, експертите велат дека нема премногу сомнежи: „Ова се чини дека е автентична фотографија од ‘Москва’ откако е погодена од украински проектил“, напиша на Твитер Роб Ли од Одделот за воени […]