ЕУ крева железна завеса кон Русија, обвинува Москва


Марија Захарова

 

Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со што затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е онаа што ја оградува Русија.

Захарова за италијанскиот телевизиски канал Ла7 изјави дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за комуникација, не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија.

„Нема да има железни завеси, на крајот, од наша страна, не треба да се грижите, ЕУ е таа што ја заградува Русија со завеса. Вашите грешки се дека сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека покрај вас во светот нема други народи. Немате морално право никого нешто да го подучувате “, рече Захарова.

Ројтерс во неделата вечерта, повикувајќи се на Интерфакс, објави дека посетата на Лавров на Србија е откажана бидејќи земјите околу Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.