Африканската унија подлегна на пропагандата на Путин

Претседателот на Сенегал (претседавач на АУ) повика Ецвропската унија да ги симне санкциите за житото од Русија, иако ЕУ воопшто нема воведено такви санкции


Претседателот на Сенегал, Маки Сал, и Владимир Путин на средбата во Сочи

 

Сенегалскиот претседател Меки Сал, кој е и претседавач со Африканската унија, ја повика ЕУ да ги отстрани санкциите за руската пченица и ѓубрива – иако ниту САД. ниту ЕУ го забрани увозот на руски ѓубрива или пченица – давајќи ѝ доверба на искривената логика на Владимир Путин. Коментарите дојдоа откако Сал се сретна со рускиот претседател во Сочи во петокот.

Додека претставниците на ЕУ инсистираат дека ЕУ не го санкционирала руското ѓубриво, петтиот пакет санкции на ЕУ ги споменува комбинираните ѓубрива. Крајно време, смета „Политико“ да се направи брз преглед на она што ЕУ го ограничува и што не го ограничува.

Факт: ЕУ не го забрани увозот на руски ѓубрива. Всушност, блокот продолжува да ги увезува тие производи од Русија.

Исто така факт: ЕУ ги санкционираше белоруските ѓубрива. И во својот петти пакет санкции, ЕУ постави квота за руските ѓубрива за да избегне заобиколување од страна на Белорусија, со годишно ограничување од 837.570 тони за поташа и 1.577.807 тони за комбинирани ѓубрива што содржат калиум – граница што е повисока од претходниот увоз на ЕУ од Русија.

Фикција: Ниту ЕУ, ниту САД ја санкционираа руската пченица. Многу европски и американски компании престанаа да работат со Русија, па веројатно е дека увозот на нејзината храна во ЕУ ќе падне оваа година, но тешко е да се види зошто тоа е лоша вест за Африка. Всушност, колку помалку руска пченица купува ЕУ, толку повеќе има за африканските земји.

Што навистина се случува: Цените на пченицата, пченката и сончогледовото масло вртоглаво пораснаа ширум светот – сето тоа е клучниот украински извоз. Тие се зголемија затоа што пазарите очекуваа помала понуда од Украина, поради руската блокада на украинските пристаништа, бомбардирањето на нејзините силоси за жито и минирањето на нејзините полиња.

Факт: И покрај несвесната или намерната пропаганда на Сал за Путин, останува фактот дека Египет е најголемиот увозник на украинска пченка во светот, следен од Индонезија, Пакистан, Бангладеш, Либан, Турција, Мароко и Тунис – на тие земји итно им требаат испораки со бродови од Украина за да продолжат , и иако можеби се плашат да го кажат тоа отворено, она што ги спречува пратките е блокадата на Русија, а не санкциите на ЕУ.

Обединетите нации или Турција треба да дејствуваат како безбедносен гарант за обезбедување безбедна испорака на жито и други прехранбени производи од украинското пристаниште Одеса, предложи словачкиот премиер Едуард Хегер. Говорејќи на конференцијата Глобсек во Братислава минатата недела, Хегер рече дека повторното отворање на поморските пристаништа на Украина е единствениот практичен начин за извоз на милиони тони жито заглавено во земјата бидејќи патните и железничките опции не можат да понудат доволен капацитет. „Треба да го ослободиме пристаништето со трета сила која ќе ја [гарантира] безбедноста како арбитер“, рече Хегер. „Така можеме да го добиеме житото“.