Двајца руски генерали убиени во еден ден и во иста битка во Донбас

Смртта на генерал мајорот Роман Кутузов беше потврдена во Москва во неделата, но денеска се појавија информации дека во истата битка, по заседа на еден мост, загинал и генерал полковникот Роман Бердников


Генералот Роман Бердников неодамна ја презеде командата на руските сили и оние на сепаратистичкиот регион Донецк

 

Руската војска загуби двајца од нејзините највисоки команданти во еден ден во разорна заседа на мост во источна Украина, тврдат група независни новинари кои работат на двете страни од војната.

Русија ја потврди смртта на генерал мајорот Роман Кутузов во неделата, но новите извештаи во понеделникот велат дека генерал полковник Роман Бердников бил убиен истиот ден во напад извршен од силите на Киев.

Се претпоставува дека необичната брзина со која смртта на Кутузов била потврдена од Москва била обид да се прикрие загубата на Бердников (47).

Пред помалку од еден месец, Бердников беше командант на оперативната група на руските вооружени сили во Сирија, а тој беше преместен да ги преземе силите на Путин и оние на Донецка Народна Република [ДНР] во Донбас.

Ако неговата смрт биде потврдена, тој ќе биде 12-ти генерал што е убиен во војната.

Тоа би значело дека двајцата од највисоките руски команданти во Донецк биле избришани во еден напад во неверојатен и срамен неуспех за Кремљ.

Тврдењата дека и Бердников и Кутузов загинале дојдоа од каналот Волја на Телеграм, кој има независни воени новинари кои работат на двете страни од конфликтот.

„Утрото на 5 јуни, генерал полковник Роман Бердников, кој ги предводеше руските трупи и единици на ДПР од Донецк, замина со штабот на работна задача“, се вели во објавата. „Попатно, веројатно на мост, возилата на штабот беа нападнати од украинска диверзантско-извидувачка група. Дел од конвојот беше уништен или имобилизиран, но некои возила, кои добија сериозни оштетувања и возвраќајќи со пукање можеа да побегнат од заседата и да заминат“, се вели во објавата.

„Потоа, нашите извори известија дека Роман Бердников загинал во оваа битка“, продолжува извештајот. „Малку подоцна, уште два извори го потврдија тоа, прецизирајќи дека и други високи офицери можеле да загинат за време на битката“.

Подоцна се појавија извештаи дека Кутузов, вториот човек во командата по Бердников, починал.

„Волја“ изјави дека им верува на своите извори дека и двајцата генерали биле убиени, Кутузов кај мост во регионот Донецк, а не на локацијата во регионот Луганск, наведена во раните руски извештаи.

„Логично е и двајцата да се возеа во ист конвој и и двајцата беа нападнати од заседа“, се вели во извештајот. „Дел од конвојот успеа да побегне. Претпоставуваме дека Бердников бил во еден од преживеаните автомобили, но загинал при гранатирањето.

Оние кои избегаа од огнот не можеа да ја знаат судбината на оние што останаа на мостот. Нападот и смртта на Бердников го пријавиле во штабот и дека дел од конвојот останал отсечен и бил под оган.

Роман Бердников беше командант на рсуските сили во базата Хмејмим во Сирија. На фотографијата е прикажан како врши смотра по повод Денот на победата 9 Мај 2022

Брзо стана јасно дека генерал мајор Кутузов е меѓу оние што останаа на мостот. А штом руската војска пристигна на бојното поле, беше пронајдено и неговото тело“, пишува каналот „Волја“.

Во извештајот се наведува: „Она што руските команданти го имаа во свои раце [беа] двајца мртви генерали, од кои едниот предводеше цела армиска групација во Сирија [до мај], а потоа одигра важна улога во командувањето со целата групација во источна Украина“.

Каналот претпоставува дека Русија „гласно и јавно“ ја објавила смртта на Кутузов, во обид да ја маскира загубата на „многу попознатиот и поважниот Бердников“.

Берников, кој претходно служел во Сибир, е виден на видеото пред помалку од еден месец како салутира на парадата на Денот на победата на 9 мај во руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија.

Тој беше цитиран како вели: „Војниците и офицерите на руските вооружени сили чесно ги бранат руските интереси во борбата против меѓународниот тероризам во Сириската Арапска Република и за време на специјалната воена операција во Украина, достојно продолжувајќи ги победничките традиции на хероите од првите редови. Ние сме достојни наследници на ветераните од борбениот фронт, чии спомени се пренесуваат низ генерациите“.

Губењето дури и на двајца генерали во војна би се сметало за екстремно во повеќето конфликти по Втората светска војна. Освен тоа, во војната со Украина досега се убиени најмалку 49 полковници.

Извештаите за смртта на двајцата генерали дојдоа откако Русија го нападна Киев со проектили за прв пат по повеќе од еден месец во неделата.