Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица


Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица. Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови. Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), […]

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец


САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели,изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата […]

Сенатот ја одобри Бриџит Бринк за американска амбасадорка во Украина


САД– Сенатот на САД едногласно ја одобри дипломатката Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го критичното место што е празно три години. Брзата потврда ја истакна желбата на двете страни да испратат амбасадор за поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски додека тој се соочува со руската инвазија. Одлуката на Сенатот е донесена истиот ден […]

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија


Данска – Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море, информираше данската премиерка Мете Фредериксен. Данска, заедно со Белгија, Холандија и со Германија, сака да го зголеми вкупниот капацитет на ветрот во […]

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна


САД- Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина. Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари од постоечките проекти за храна и исхрана кои се одобрени, […]

Русија призна дека загубила двајца полковници во еден ден


  Русија призна дека изгубила двајца високи офицери во еден ден, вклучително и еден кој бил испратен да замени полковник кој загинал борејќи се порано во војната. Потполковникот Денис Суханов (41) беше пријавен дека загинал „бранејќи ги цивилите“, иако точната локација и датумот на неговата смрт не беа откриени. Во меѓувреме, полковникот Денис Козлов (40) […]

Турција има долг список на барања за да го тргне ветото за Шведска и Финска


  Турција го блокираше почетокот на преговорите за прием на Финска и Шведска во НАТО, потврдија во средата извори од НАТО за германската агенција ДПА. Северноатлантскиот совет затоа не беше во можност да донесе одлука за почеток на пристапниот процес. Шведска и Финска формално аплицираа за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата Јенс […]

Инсајдер од Кремљ призна дека има „тешкотии“ во војната во Украина


  Уште еден глас во Кремљ глас призна дека има „тешкотии“ во војната со Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“. Но, Рашид Нургалиев, заменик секретар на Советот за безбедност на Владимир Путин, инсистираше на тоа дека Русија ќе ги постигне своите цели – вклучително и „денацификација на Украина“. Тоа уследи по забелешките на […]

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО


Владата го овласти амбасадорот Дане Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО.   – Владата на Република Северна Македонија денеска одржа вонредна, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република […]

Конференцијата ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни во Брисел


Белгија– Најавената Конференција за Западен Балкан на француското претседателство ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Денеска Европскиот Совет потврди дека оваа конференција ќе се одржи на […]

Покрај француските, Москва протера и 24 италијански и 27 шпански дипломати


Русија соопшти дека протерува вкупно 85 дипломати од Франција, Шпанија и Италија како одговор на слични потези на тие земји, истакнувајќи дека односите со водечките членки на ЕУ се затегнати од почетокот на војната против Украина. Амбасадорите на Франција, Италија и Шпанија денеска се повикани на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде и […]

Русија конечно почна да ги користи многу фалените возила „Терминатор“ (Видео)


  Русија конечно ги распореди своите воени возила „Терминатор“ во битка во Украина, додека Киев продолжува да ги уништува руските тенкови за напад со помош на британски ракети. Видеото ги прикажува многу фалените оклопни возила, кои се дизајнирани да ги поддржат пешадиските единици кои се борат во урбаните области во регионот Донбас во источна Украина. […]

Турција ја блокира одлуката на НАТО


Турција ја блокира првобитната одлука на НАТО да ги обработи барањата на Финска и на Шведска за придружување кон Алијансата, јавува ФТ. Амбасадорите на НАТО се состанаа во среда со цел да ги отворат преговорите за пристапување истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа барањата за членство, но противењето на Анкара го сопре гласањето, […]

Рускиот војник на судењето призна дека го убил цивилот


  Ова е мала судница за еден многу значаен момент: првото судење на руски војник за наводно воено злосторство. Вадим Шишимарин, кој има многу млад изглед на 21 година, беше донесен во собата со лисици од тешко вооружени чувари. Изгледа нервозно, често ја држи главата наведната и внимателно го слуша својот преведувач низ стаклото. На […]

Русија протерува 34 француски дипломати


Русија – Руското Министерство за навдворешни работи денеска соопшти дека протерува 34 вработени во француските дипломатски претставништва. – Триесет и четворица вработени во француските дипломатски претставништва во Русија се прогласени за „персона нон грата“.Тие имаат рок од две недели да ја напуштат земјата, се наведува во соопштението. Протерувањето на француските дипломати е реципрочна мерка по протерувањето […]

Од Азовстал досега се предадоа 959 украински војници


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела. – Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени“. 

Вонредна состојба во Северна Кореја, вклучена и војската: граѓаните добија инструкции како да се справат со болеста


Граѓаните на Северна Кореја добија „инструкции“ за борба против круната, кои би го зачудиле секој стручњак. Им се советува да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода. Северна Кореја се бори со жаришта на корона вирусот, а лидерот Ким Џонг Ун ја нарече ситуацијата катастрофа. Во оваа затворена земја нема вакцини, а […]

Три можни сценарија на Путин по ширењето на НАТО


  Американската телевизиска куќа Си-Ен-Би-Си анализираше како би можела Русија да реагира ако продолжи ширењето на НАТО. Издвоени се три можни реакции, а тоа се уште поинтензивно провоцирање на НАТО, кибер напади и енергетска војна. Русија остро се спротивстави на можноста Финска и Шведска да станат членки на НАТО, па најави реакција која нема да […]

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО


Финска и Шведска и официјално денеска поднесоа барање за членство во НАТО. Веста ја соопшти генералниот секретар на НАТО Алијансата Јенс Столтенберг, кој го поздрави барањето на Финска и Шведска да се приклучат кон НАТО. „Вие сте наши најблиски партнери“, рече Столтенберг пред новинарите откако ги доби писмата од амбасадорите на двете земји со барањње […]

САД: Расте бројот непознати предмети на небото во изминатите 20 години


САД– Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но, не потврди за живот надвор од Земјата. Американскиот Конгрес за првпат во над 50 години, одржа јавна расправа на тема „неидентификувани појави во воздухот“. – Од почетокот на 2000-те, забележавме зголемен број на неидентификувани случаи, […]