И-мејл системот на германските Зелени погоден од сајбер напад
Германската партија на Зелените, која е дел од владината коалиција во земјата, вели дека нејзиниот ИТ систем бил погоден од сајбер напад минатиот месец кој влијаел на електронските адреси кои им припаѓаат на министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за економија Роберт Хабек.
Партијата го потврди извештајот во саботата на германскиот неделник „Шпигел“, но рече дека двајцата активно не ги користеле своите партиски е-мејлови од јануари.
Вкупно 14 адреси – вклучувајќи ги и оние на партиските лидери Рикарда Ланг и Омид Нурипур – биле компромитирани на таков начин што некои мејлови биле препратени на адреси надвор од партијата, велат Зелените.
„Шпигел“ објави дека електронската трага укажува на тоа дека сајбер нападот можеби потекнува од Русија, но партијата одби да го потврди тоа, повикувајќи се на тековната истрага од германските власти.
Бербок долго време ја застапува тврдата линија кон Русија во врска со нејзиното досие за човекови права и нападите врз Украина. Откако дојде на функцијата во декември, Хабек ги предводеше напорите на Германија да се одвикне од руските енергенси.